Реклама
Односот помеѓу Унгарија и Европската унија е однос „љубов-омраза“. Унгарскиот премиер Виктор Орбан од една страна ја прекорува Унијата дека сакала да им го наметне својот либерален начин на живот на Унгарците, а од друга страна, инсистира да му се исплатат неколку милијарди евра од фондовите на ЕУ. Брисел начелно е согласен со исплата, но во моментов парите се „под мраз“. Пред да протечат пари од европските фондови, Орбан треба да го смени својот деснопопулистички курс.