Земјотреси кои го потресоа светот
Од големите земјотреси во Антиохија во 342 и 526 година, до денес, историјата памети огромни потреси кои неретко биле проследени и со гигантски цунами бранови во некои делови од светот.
Катастрофален земјотрес во Турција и Сирија
Земјотресот со јачина од 7.8 степени кој ги погоди Турција и Сирија во раните утрински часови на 6 февруари 2023 година однесе илјадници животи и предизвика непроценлива материјална штета. Уништени се преку 2.800 згради во централна Турција и стотици во северозападна Сирија.
Централна Италија во рушевини
Последниот голем земјотрес во Европа се случи во централна Италија. Земјотресот кој удри на 24 август годинава однесе 256 животи, и остави повеќе од 40 илјади луѓе без покрив над главата.
Лабрадорот Лео
Лабрадорот Лео беше поздравен од папата Франциско на 3 септември годинава за време на беатификацијата на Мајка Тереза. Лабрадорот стана инстант-херој откако во урнатините од земјотресот пронајде четиригодишно дете.
Танзанија
Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди северозападниот регион на Танзанија на 10 септември годинава. Во катастрофата загинаа најмалку 16 луѓе, а 250 беа повредени.
Вежби за децата во Јапонија
Јапонија е екстремно трустно подрачје, и во минатото честопати беше погодувана од силни земјотреси. На 1 септември секоја година, кога се одбележува годишнината од големиот земјотрес од 1923 година, децата во основните училишта учествуваат во специјални вежби за заштита при земјотрес.
Потрага по најблиските (Беичуан, Кина)
Мајка го оплакува својот син кој загина во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди провинцијата Сичуан во Кина на 19 август 2008 година. Повеќе од 1,500 ученици и учители загинаа во земјотресот, кој севкупно однесе 69 илјади човечки животи.
Катастрофата во Хаити
На 12 јануари 2010 година, Хаити беше погоден од катастрофален земјотрес со магнитуда од 7 степени. Над 200 илјади луѓе загинаа во природната катастрофа, а речиси три милиони луѓе беа погодени. Главниот град Порт-о- Принс беше срамнет со земја.
Земјотресот во Суматра
На 26 декември 2004 година разурнувачки земјотрес со јачина од 9,2 степени го погоди западниот брег на Суматра, во Индискиот Океан. Земјотресот и бројните цунами бранови кои се подигнаа како последица од него однесоа 230 илјади животи во 14 земји. Тоа е третиот најсилен земјотрес забележан во историјата и истовремено, удар со најдолго траење- меѓу 8 и 10 минути.
Музафарабад, Кашмир
Потресот чиј епицентар беше кај градот Музафарабад во Пакистан во октомври 2005 година опфати регион од 30 илјади квадратни километри. Во непосредната околина загинаа 84 илјади луѓе. Земјотресот беше со јачина од 7,6 степени.
Л' Аквила- земјотрес и одговорност
Земјотресот во Л'Аквила, во централна Италија од 6 април 2009 година, однесе 308 човечки животи. Бројни контроверзи следеа по катастрофата, откако 6 научници и еден државен службеник беа осудени на затворски казни поради тоа што не предупредиле на опасноста од земјотресот. Во 2014 година, пресудите на научниците им беа укинати.
Најголемиот земјотрес според бројот на жртви во 20. век е регистриран на 1976 година во кинеската провинција Тангшан. Се проценува дека катастрофата однела над 650 илјади жртви. Севкупно, 3 од 5 најголеми земјотреси во светската историја се случиле на кинеско тло. Во последните две децении е регистриран и еден од најсилните земјотреси според магнитудата- оној кој ја погоди Суматра во 2004 година со јачина од 9,1-9,3 степени.