Баjерн Минхен - пет победи во пет натпревари
26 септември 2012„Баварците“ синоќа во Минхен го совладаа Волфсбург со 3:0 за максимални 15 бодови на врвот на табелата.
Ајнтрахт Франкфурт, кој до пред ова 5. коло на Бундеслигата коло имаше исто така стопроцентен ефект, одигра нерешено 3:3 против шампионот Борусија Дортмунд и со тоа ја прекина серијата од четири победи во низа.
На другите два синоќешни натпревара во Бундеслигата постигнати се овие резултати: Шалке – Мајнц 3:0 и Гројтер Фурт – Фортуна Дизелдорф 0:2.
Вечерва од 20 часот се играат преостанатите пет средби од 5.коло. Двојките се: Борусија Менхенгладбах – Хамбургер, Штутгарт – Хофенхајм, Хановер – Нирнберг, Фрајбург – Вердер и Аугсбург – Баер Леверкузен.
Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Ајнтрахт Франкфурт 13, Шалке 10, Фортуна Дизелдорф 9, Борусија Дортмунд 8, Хановер 7 (натпревар помалку), Нирнберг 7 (натпревар помалку).